Урбанистички проблеми во Струга, општината работи со стар ГУП

February 18, 2024
1 min read

Еден од најголемите проблеми со кои Струга се соочува е несоодветната урбанизација на градот, алармираат граѓанските активисти. Повикуваат да се внимава при носењето на урбанистичките планови, особено за оние делови кои се наоѓаат во близина на езерскиот брег. Дополнителен проблем е што генералниот урбанистички план за Струга е стар речиси две децении. Постоечкиот е од 2007 година. Требаше да важи до 2017-ттата, но не беше донесен нов.

„…Несоодветното урбанизирање, несоодветното спроведување на урбанистичките планови доведува до ваква ситуација. Тоа се решенија на урбанистичките планери кои го изработиле урбанистичкиот план. Не само за зачувување на квалитетот на воздухот, туку влијае и за изгледот на градот“, рече Марјан Главинчески- граѓански активист.

Друг голем проблем во струшко претставува палењето на трската каде потоа се гради, најчесто без дозвола. Ретко кој сносил одговорност.

„Индивидуалци кои планираат да го облагородат просторот за свои потреби, посегнуваат и по оној дел којшто ѝ припаѓа на Република Македонија, односно самото крајбрежје. Од друга страна зачудува незаинтересираноста на државниот инспекторат, ниту пак на инспекторите кои би требало да дејствуваат по службена должност на локално ниво…“, нагласи Никола Кукунеш-граѓански активист.

За проблемите во урбаниот и економскииот развој на Струга реагираат и од Алијанса за Албанците. Го обвинуваат градоначалникот Рамиз Мерко дека нема визија за општественото добро на граѓаните.

„…Наместо да се занимаваат со третман на општата урбанистичка површина на градот и во интерес на сите стружани, тој се занимава со работи кои се во функција на профитерските интереси на неговиот близок круг“, рече Љуљзим Насуфи-претседател на АА, Струга.

Во ноември лани локалната власт организираше јавна анкета, но само за измена и дополнување на дел од Генералниот урбанистички план. Алсат праша во општината кога планираат да донесат нов ГУП и како планираат да ги решат актуелните урбанистички проблеми, но оттаму не ни испратија никаков одговор./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Оставете го татко ми, нека почива во мир“: Ќерката на Џеј изреволтирана по ОВИЕ тврдења, веќе нема да молчи!

Следно

Курти: Српските воени злосторства во Косово се документираат

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop