Управниот суд укина владини одлуки со кои беа поништени три решенија на техничкиот министер за внатрешни работи

March 22, 2024
1 min read

Управниот суд ги укина владините одлуки со кои беа поништени три решенија на техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски зашто немале потпис и од дополнителниот заменик министер. Судот оцени дека Владата ги пречекорила своите овластувања како извршен орган оценувајќи ја законитоста на одлуките без да има право на тоа.

„Владата е ослободена во оцената на уставноста иако беше должна да се обрати до партиите за ова спорно прашање да бара решение во ДИК, која во рок од 24 часа требаше да донесе законска одлука и да го извести министерството. ДИК е единствениот надлежен орган кој може да оцени дали актите спаѓаат во групата акти кои мора да ги одобри и дополнителниот заменик министер“, рече Тошковски.

Две од одлуките се однесуваат на формирање на комисии за внатрешна конотрола во МВР, додека една одлука се однесува на телеграма за отворање интерен конкурс во полицијата за пополнување на испразнетите места.

„Одлуката на Управниот суд потврдува дека актите што ги донесов се во согласност со Законот за Влада“, додава Тошковски.

Минатата недела Владата ги отфрли одлуките на Тошковски. Тој ги оцени постапките како срамни и скандалозни. Во решенијата на Управата не е опфатено отфрлањето од страна на Владата на предлогот на Тошковски за началник на Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Адриан Керими

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оваа пролет ќе биде фантастична за ТРИ хороскопски знаци, дали сте меѓу нив?!

Следно

Од полноќ поскапува бензинот Супер-95

Latest from Blog

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

„Подготвена сум да одам. Не сакам да задоцнам“, ѝ рекла Елизабет Тејлор на медицинската сестра на смртната постела, само неколку минути пред да ги затвори очите и да почине. Тоа било на

ИМААТ РЕЧИСИ ПО 90 ГОДИНИ Најпознатите баби на Инстаграм развијаа „опасен“ бизнис

Две искусни баби од Апулија, во поодмината возраст, станаа ѕвезди на Инстаграм благодарение на своите кулинарски вештини, кои ги „зачинија“ со хумор и добра забава. Искусните раце ги водат прстите на почетниците

Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за
Go toTop