Универзална сала до 2028?! – Љутков: Подобро процесот да биде спроведен легално, отколку да се забрза без основа

October 18, 2024
1 min read

Министерот Зоран Љутков очекува дека процедурите за законско градење на објектот на Универзална сала ќе траат три-четири месеци. Неговите правници и надворешни консултанти работат на преносот на проектот од Град Скопје во Министерството за култура и туризам.

„Мора да се направат промени во законите, постојат пет-шест чекори. Проектот е во ред и немаме забелешки на изведувачот од првата фаза“, рече Љутков.

Тој додаде дека за втората фаза, која е стопирана, ќе биде распишан нов тендер, бидејќи проектот не е целосно завршен. „Неопходно е уредување на платото и мебел во Универзалната сала за проектот да биде „клуч на рака““, истакна министерот.

Љутков потврди дека немаат извештај за штетата помеѓу првата и втората фаза, ниту проценка на вкупната вредност на објектот.

На прашањето дали гарантира дека Скопје ќе има нова Универзална сала до 2028 година, тој нагласи дека подобро е процесот да биде спроведен легално, отколку да се забрза без основа. „Ако продолжиме вака, ќе носам кривична одговорност и проектот нема да биде готов до 2028 година“, додаде Љутков.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претрес во Кисела Вода, пронајдена дрога, одреден притвор за дилер

Следно

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop