УНИЦЕФ: Децата и семејствата во Газа практично останаа без вода

October 17, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Палестинските деца и семејствата во Појасот Газа практично останаа без вода, објави Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) доцна синоќа, јавува Анадолу.

„Сега тие се принудени да користат нечиста вода од бунарите, со што се зголемува ризикот од болести што се пренесуваат преку вода. Потребен ни е итен хуманитарен прекин на огнот за да обезбедиме непречен и безбеден пристап до децата и семејствата во Газа“, соопшти УНИЦЕФ.

Газа се соочува со хуманитарна криза без струја, а останува и без вода, храна, гориво и медицински материјали. Цивилите бегаат на југ по израелското предупредување да ги евакуираат северните подрачја.

Борбите започнаа кога Хамас презеде повеќекратни ненадејни напади на 7 октомври, со голем број ракетни напади и упади во Израел по копно, море и воздух. Хамас рече дека операцијата била одмазда за претходните упади во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на израелските доселеници.

Израелската војска како одговор започна операција врз позициите на Хамас во Појасот Газа.

Најмалку 2.848 Палестинци, меѓу кои 750 деца, загинаа во израелските воздушни напади врз Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Во соопштението се наведува дека најмалку 10.859 Палестинци биле повредени во израелските бомбардирања.

Во Израел, во нападите од Газа загинаа околу 1.400 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Секој што ќе критикува може да биде наречен антисеминист

Следно

Запре крвичната постапка за Таргет-Тврдина во делот за нелегалното прислушување

Latest from Blog

Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на

Вкусот на Пелистер“ повторно ги обедини Битола, Прилеп и Ресен

Неколку илјади граѓани од Битола, Прилеп, Ресен и од другите ополни општини денеска присуствуваат на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“, која се одржува под мотото „Куќа имам на Пелистер“. Настанот е посветен на

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и
Go toTop