УНИЦЕФ: „Бројот на убиени деца во Источен Кудс и на Западниот Брег на застрашувачко ниво во 2023 година“

December 29, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) информираше дека бројката на убиени деца во окупираниот Кудс (Ерусалим) и во окупираниот Западен Брег во 2023 година достигнала ниво без преседан, јавува Анадолу.

„За децата од Западниот Брег, 2023 е најкрвава година, вклучувајќи го и Источен Кудс (Ерусалим). Насилството кое е резултат на судири достигна ниво без преседан“, наведе Адел Худр, регионалната директорка на УНИЦЕФ за Блискиот исток и Северна Африка.

Худр на социјалните мрежи наведе дека 83 деца се убиени на Западниот Брег во последните 12 недели во сенка на сѐ поинтензивните воени операции на Израел.

Таа нагласи дека оваа бројка е повеќе од двојна од бројката на убиени деца во целата 2022 година.

Во својата изјава Худр рече дека во изминатиот период се повредени најмалку 576 деца на Западниот Брег, а дека голем број деца се лишени од слобода.

Изрази длабока загриженост за правата на децата на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Кудс (Ерусалим), за нивната безбедност, заштита и инхерентно право на живот.

„Децата што живеат на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Кудс (Ерусалим), се изложени на страшно насилство долги години, но интензитетот на ова насилство значително се зголеми од нападот на 7 октомври“, наведе Худр.

Таа укажа и на тоа дека Западниот Брег е сериозно погоден од израелските ограничувања за движење и транспорт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чеченското преземање на Даноне

Следно

Ковачевски: По една две-пијачки по скопските кафулиња, Новата ќе ја дочекам со семејството

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop