УНИФИЛ: Нападите врз цивилите во Либан од страна на Израел претставуваат воено злосторство

November 6, 2023
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Привремените мировни сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) ги опишаа нападите врз цивилите во јужниот дел на Либан од страна на израелската војска како воено злосторство, пренесува Анадолу.

Портпаролот на УНИФИЛ, Андреа Тененти, објави писмено соопштение во врска со убиството на четворица цивили, од кои три деца, во местата Ајната и Ајтарун во јужниот дел на Либан од страна на Израел.

Тененти нагласи дека УНИФИЛ вчера во текот на денот бил сведок на интензивни пукотници на границата помеѓу Израел и Либан, која се нарекува „сина линија“.

„Слушнавме трагични вести дека четворица цивили, од кои 3 девојчиња и една жена, биле убиени во близина на Ајтарун во јужниот дел на Либан. Јасно е дека постои можност ескалацијата да излезе од контрола, и мора да се преземат мерки“, рече тој.

„Сите надлежни страни ги потсетуваме дека нападите врз цивилите претставуваат прекршување на меѓународното право, и претставуваат воено злосторство. Сите веднаш ги повикуваме на прекин на огнот со цел да се спречи повеќе лица да бидат погодени“, додаде Тененти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи: Усогласувањето со европската регулатива ќе создаде додадена вредност за економијата

Следно

Османи: Преку Министерскиот совет на ОБСЕ Скопје ќе биде центарот на светот за клучни геополитички одлуки

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop