Унгарскиот премиер стави вето на консензусот во ЕУ, го критикуваше Зеленски

March 20, 2025
1 min read

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес објави дека ставил вето на консензусот на Европската Унија за Украина и го критикуваше пристапот на претседателот Владимир Зеленски, известува Анадолу.

Изјавите на Орбан уследија по првиот ден од самитот на Европскиот совет во Брисел, каде што тој го повтори унгарското противење на, како што рече, „провоените“ политики во ЕУ.

Европските лидери се собраа во Брисел за да разговараат за војната во Украина, како и за економските, енергетските, одбранбените и надворешнополитичките прашања кои влијаат на безбедноста на Блокот.

Орбан најави дека Унгарија ќе одржи референдум за можното членство на Украина во ЕУ, нагласувајќи дека неговата земја нема да го поддржи заедничкиот став на ЕУ за ова прашање додека не се изјасни унгарскиот народ.

„Не можеме дотогаш да поддржиме никаков заеднички став за ова прашање. Нема да дозволиме да се формира заеднички европски став кој ја вклучува Унгарија и е провоен“, рече Орбан.

Тој нагласи дека Унгарија одбива да ги сноси економските последици од војната во Украина и ги повика европските лидери да ги поддржат мировните иницијативи предводени од САД наместо да се вклучат во, како што рече, „воени авантури“.

„Само тогаш ќе дојде мирот“, додаде тој.

Орбан потврди дека ставил вето на заедничката позиција на ЕУ за членството на Украина, наведувајќи дека дискусијата на средбата во Брисел не донела конечен заклучок.

„Не можевме да се убедиме, и ставив вето на заедничката позиција“, рече Орбан.

– Зеленски страда од конфузија во улогата

Зборувајќи за учеството на украинскиот претседател Владимир Зеленски во дискусиите, Орбан го критикуваше неговиот став, сугерирајќи дека тој се однесува како Украина да е веќе членка на ЕУ.

„Претседателот на Украина се чини дека страда од конфузија во улогата. Тој се однесува како веќе да е во Европската Унија. Тој е кандидат кој сака да пристапи во ЕУ, а сепак користи поостар тон, иако всушност не може да си го дозволи тоа“, рече Орбан.

– Унгарија прво ќе ги праша граѓаните

Орбан повтори дека Унгарија нема да донесе одлука за членството на Украина без претходно да се консултира со своите граѓани.

„Во моментов бараме мислење од граѓаните на Унгарија за членството на Украина во ЕУ. Колку и да претседателот Зеленски врши притисок врз нас, додека не го сознаеме мислењето на унгарскиот народ, не можам да го поддржам тука“, заклучи Орбан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Побаран 30- дневен притвор за Бектеши и поранешни раководни лица во министерство за економија

Следно

Голем пожар предизвикан од запалено стрниште покрај Црна Река

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop