Унгарски хеликоптер со три лица се урна во Хрватска, пронајдени две тела

June 21, 2023
1 min read

Министерството за одбрана на Република Хрватска соопшти дека во потрагата по него тргнале хеликоптерот „ми-171 Ш“ од Дивуље и авионот „пилатус“ на хрватското воздухопловство

Унгарски хеликоптер се урнал кај местото Дрниш во Хрватска, објавуваат хрватските медиуми. Информацијата ја потврдил Јосип Брозичевиќ, функционер на Хрватската планинска спасувачка служба, кој посочил дека во хеликоптерот имало тројца членови на екипажот, а пронајдени се две тела.

Воен хеликоптер се урна денеска во реонот на селото Пакова во Шибеничко-книнската жупанија. Министерството за одбрана на Република Хрватска соопшти дека во потрага по него тргнале хеликоптерот „ми-171 Ш“ од Дивуље и авионот „пилатус“ на хрватското воздухопловство.

„Хеликоптерот е на унгарската армија. Се урнал, причината за падот сè уште не е позната. Имало тројца членови на екипажот. Пронајдени се две тела, по третото се трага. Пожарникарите, полицијата и ХГСС се на терен. Пријавата дојде кога се виде чад“,

рекол Брозичевиќ за „24 часа“.

Фото: Радио Дрниш

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Слушнати звуци при пребарувањето на подморницата што исчезна во туристичка експедиција до „Титаник“

Следно

Галатасарај можен противник на Струга во Лигата на шампиони

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop