Унгарија ќе ја блокира Бугарија во Шенген-зоната доколку не ја укине таксата за транзит на руски гас

December 16, 2023
2 mins read

Во октомври, Бугарија воведе данок на рускиот гас што се доставува до ЕУ преку нејзина територија, за кој некои рекоа дека може да ги загрози испораките, меѓу другите, за Унгарија и Србија. Воведената такса е 10,23 евра за мегават-час или приближно 100 кубни метри руски природен гас што транзитира низ земјата

Унгарија ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген-зоната доколку не го укине данокот за транзит на руски гас, вели унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Унгарија јасно ѝ стави до знаење на Бугарија дека ќе стави вето на влезот на земјата во зоната на слободно движење доколку остане во сила данокот на главната унгарска маршрута за увоз на гас, се наведува во соопштението на унгарското МНР, цитирајќи го шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

„Изразивме јасен став до Бугарите дека ако данокот остане во сила и ако тие долго време ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето со енергија на Унгарија, ќе ставиме вето на нивниот влез во Шенген-зоната“,

нагласува Сијарто.

Западноевропските земји вложија големи напори да се осамостојат од рускиот гас, а Унгарија, земја без море, годишно купува 4,5 милијарди кубни метри гас од Русија, главно преку Бугарија и Србија, според договорот потпишан во 2021 година.

Бугарија и Романија, кои се приклучија на ЕУ во 2007 година, сепак, досега не успеаја да се приклучат на Шенген-зоната и покрај нивните напори. 

Во октомври, Бугарија воведе данок на рускиот гас што се доставува до ЕУ преку нејзина територија, за кој некои рекоа дека може да ги загрози испораките, меѓу другите, за Унгарија и Србија.

Воведената такса е 10,23 евра за мегават-час или приближно 100 кубни метри руски природен гас што транзитира низ земјата.

Изминатава недела, според информациите од бугарската Влада што ги пренесе Блумберг, државата планира да се откаже од контроверзната такса за транзит на руски гас низ нејзината територија, со цел да ги подобри односите со членките на Европската Унија и да се приклучи кон Шенген-зоната.

Бугарија ќе го измени законодавството за да го укине данокот додека не најде пристап на ниво на ЕУ за негово спроведување, изјавија за новинарите во понеделникот Бојко Борисов и Кирил Петков, двајцата поранешни премиери, а сега лидери на двете најголеми партии во земјата, пишува Блумберг.

Потегот на бугарската влада во октомври да наметне давачка за намалување на профитот на руската компанија „Газпром“, предизвика загриженост за високите цени и прекините на снабдувањето низ југоисточна Европа. Иако Бугарија допрва треба да наплати какви било плаќања од клиентите на нејзиниот мрежен оператор, унгарските власти тоа го нарекоа непријателски чекор и повикаа на истрага на ЕУ за одлуката.

Реакции за бугарската такса имаше и од македонска страна. Премиерот Димитар Ковачевски неодамна рече дека тоа е нелегално воведена такса која треба да се отстрани и најави дека С Македонија како држава ќе ги искористи сите правни можности кои ѝ стојат на располагање за нејзино отстранување.

Македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, при неговата посета на Северна Македонија минатиот месец, најавија можна заедничка координација на владите на двете земји во насока на преземање конкретни дејствија и чекори со цел отстранување на таксата за руски гас што ја наметна Бугарија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Негово право е да каже сѐ што сака за неговиот пријател, вели Агелер за Заев кој застана во одбрана на Анѓушев

Следно

Разрешен в.д. директорот на Конзерваторски центар Скопје

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop