Унгарија и Словачка се единствени од ЕУ, што не се на листата непријателски земји на Русија, Македонија е меѓу непријателските

September 30, 2024
1 min read

Унгарија и Словачка се единствени од ЕУ, што не се на листата непријателски земји на Русија што ја состави Рускиот премиер Михаил Мишустин по директивата на Путин

Станува збор за список на земји кои наметнуваат „деструктивни ставови кои се во спротивност со руските духовни и морални вредности“, пренесе ТАСС.

Списокот вклучува 47 земји, од кои речиси сите претходно беа назначени од Русија како „непријателски“.

Меѓу нив е Македонија, како и речиси сите земји од Европската унија, со исклучок на Унгарија и Словачка. Вклучени се сите земји од НАТО, освен Турција.

На листата се и Швајцарија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд, Микронезија и Бахамите, како и Украина.

Документот беше потпишан од Мишустин на 20 септември и беше издаден во согласност со указот на претседателот Владимир Путин од 19 август годинава.

Уредбата предвидува поедноставена процедура за преселба во Русија за оние кои не ги прифаќаат деструктивните неолиберални ставови во нивните земји кои противречат на традиционалните вредности што ги застапува Русија.

Во постапката за одобрување преселба во Руската Федерација, таквите кандидати нема да се бара да имаат познавање на руски јазик, руска култура или историја.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Томовски: Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели

Следно

Францускиот институт во Скопје најавува театарски спекаткл по повод одбележувањето на 50-годишнината од своето постоење

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март
Go toTop