Умирањето не е толку интересно како во пандемијата

August 13, 2023
1 min read

Податоци од анализите на животните осигурувања во САД покажуваат дека денес и натаму умираат повеќе луѓе отколку пред пандемијата. И ако во тие години на ковидот страдаа главно стари и болешливи, новиот бран тешко удира по оние во најдобрите години од живототот.

Животните осигурувања на вработените покажуваат дека меѓу работниците на возраст од 35 до 44 години, починале неверојатни 34% повеќе отколку што се очекувало а натпросечни стапки има и во другите работни возрасни групи.

Во годината пред 30 април оваа година, 14 месеци после последниот голем пандемиски бран во САД, починале 104.000 Американци повеќе од очекуваното.

„Иако пандемијата речиси преку ноќ ја заборавивме без да си дадеме фора да го дижестираме она што глобално ни се случи, денес се појавуваат цифри кои дополнително ја усложнуваат приказната. Тие не ги даваат сите одговори кои можеби би не интересирале ама затоа отвораат некои прашања. А прашањата- зезнати“, пишавме во „По Европа денес се умира и повеќе отколку во пандемиските години“.      

Пандемијата разбирливо донесе таканаречен вишок смрт (повеќе починати во споредба со  неколкугодишните просеци за одреден период). Меѓутоа, пандемијата заврши а вишокот остана. И тоа поголем отколку оној вишок кој го покоси ковидoт.  Експерти предупредуваат дека земјата се соочува со „катастрофа од иста пропорција на самата пандемија“, пишавме во „Во Англија денес се умира повеќе отколку во пандемијата“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал Мадрид победи, но го загубија Милитао

Следно

22 години од Охридскиот рамковен договор

Latest from Blog

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,
Go toTop