Украинската армија се обидува да ги одбие нападите на руските сили во Харковската Област

November 23, 2023
1 min read

КУПЈАНСК (АА) – Украинската армија се обидува да ги одбие сè поголемите напади на руската војска во источниот дел на Харковската Област, јавува Анадолу.

И покрај суровите зимски услови, борбите меѓу украинските и руските сили се интензивираа особено во правец на градот Купјанск, слично на оние кај Бахмут, Авдиивка, Маринка, Лиман, Вухледар и други населени места.

Сè постуденото време во регионот, каде што заврна и снег, а температурите се спуштија под нулата, предизвика потешки услови за војниците на линијата на фронтот.

„Има… судири во правец на Купјанск. Како (во) Бахмут, има… судири во оваа насока, мислам дека нема разлика. Сега ситуацијата е иста на целата линија на фронтот“, изјави за Анадолу украинскиот војник со кодно име Монах.

Истакнувајќи дека руските сили во областа бараат слаби точки на линијата на фронтот, Монах рече дека не дозволуваат руските војници да се инфилтрираат.

„Ја држиме одбранбената линија. Имаме силни војници. Немаме поважна задача, мора да ја држиме одбранбената линија“, рече Монах.

Друг украински војник, Мураха, за Анадолу рече дека тие се борат за „секој сантиметар од територијата на нашата земја“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Две години по страотната несреќа во Бугарија нема судска разрешница против управителот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци

Следно

Ковачевски на средба со Сарацин и Франгеш: За европската иднина на Северна Македонија, треба да преовлада одговорноста над партиските интереси

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop