Украина: Зеленски ги продолжи мобилизацијата и вонредната состојба за уште 90 дена

August 7, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски потпиша два закона за продолжување на мобилизацијата и вонредната состојба за уште 90 дена во земјата разурната од војна, јавува Анадолу.

Статусот на двата закона беше ажуриран денес на интернет-порталот на Врховната Рада (Парламентот на Украина).

Минатиот месец Парламентот гласаше за законите и го поддржа продолжувањето на мобилизацијата и на вонредната состојба до 9 ноември.

Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна „специјална воена операција“ во Украина. Оттогаш мерките ги продолжуваа неколкупати.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Само прашање на време беше кога Турција ќе ни го зарие ножот во грб

Следно

Дестабилизација од ДУИ или дефокус на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop