Украина: Заинтересирани сме за учество на Кина во „украинската формула за мир“

May 18, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, изјави дека се заинтересирани за учество на Кина во спроведувањето на „украинската формула за мир“, јавува Анадолу.

Кинескиот специјален пратеник Ли Хуи на 16 и 17 мај престојуваше во Киев, главниот град на Украина, каде што се сретна со украинските официјални претставници.

Заблагодарувајќи ѝ се на Кина за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, Јермак нагласи дека неговата земја ја почитува неповредливоста на границите на другите земји, како што е пропишано со Повелбата на Обединетите нации (ОН).

Истакнувајќи дека Украина се обидува да воспостави стабилен и праведен мир и да го врати нејзиниот територијален интегритет како што е предвидено со „формулата за мир“ на претседателот Владимир Зеленски, Јермак рече:

„Со оглед на тоа што агресијата се случи на територијата на нашата земја, „украинскиот мировен план“ вклучува сеопфатни одговори на сите закани од оваа војна. Заинтересирани сме за учество на Кина во спроведувањето на формулата за мир на Украина“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството поднесе обвинение за узурпација на дворот на поликлиниката „Бит Пазар“

Следно

Земјоделците на Европа се следни на отстрел

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop