Украина во опасност да го изгуби наративот околу војната

August 8, 2023
2 mins read

Јуриј Сак, советникот на украинскиот министер за одбрана, за Ен-би-си њуз порачува „две работи што и цело време ги бараме од нашите сојузници се оружје и трпение.“

Напредокот на Украинците моментално во добар дел се должи на западното вооружување и муниција што ги доби, но и за ограничениот успех товарот паѓа на западните сојузници кои дури сега почнаа да зборуваат за испорака на авионите кои Украина со месеци ги бара, за да има каква таква контратежа на руската воздушна доминација.

Украинската војска се уште е во фаза на тестирање на руската одбрана, при што главницата од нејзините сили се чува во позадина за изведување на одлучниот напад по пробивање на руските редови.

Додека на фронтот гори, американски функционери за Ен-би-си њуз изјавуваат дека се разочарани што Украина се уште ги чува своите најдобро обучени и опремени единици, и дека го немаат применето тоа што го учеа на својата обука. Друг висок функционер порачува дека Украина има добиено се што побарала, вклучително и 500 тенкови и стотици оклопни возила.

Одговорот на Украинците е дека не веруваат „дека има народ на светот кој би сакал контраофанзивата да оди побрзо.“

„Гледај ние се соочуваме со непријател кој има повеќе луѓе, артилерија и сè останато. Ние мораме да бидеме Давид против Голијат во оваа борба, што значи мора да бидеме паметни,“ изјавува Сак.

Поранешниот заменик министер за одбрана на Украина, Леонид Полјаков, раскажува дека во две ситуации, една во јуни, една во јули, бригадир се решава на директен напад во надеж дека ќе постигне брза победа.

„Армијата испрати пешадија и оклопни возила за напад на руските линии преку неисчистени мински полиња и без потиснување на непријателскиот оган. Бригадите се распарчени од непријателските сили, а командантите беа интерно критикувани за непотребните загуби,“ изјавил Полјаков.

Пред некоја недела самиот Зеленски пред западните лидери потсети дека Украина чекала на контраофанзивата затоа што се работело на интегрирање на целата западна воена опрема, како и пристигнување на доволно муниција за опремување на своите единици.

Дури и со ваква претпазливост и опременост на Украинците, американските функционери и експерти сметаат дека пробивањето на руските редови „речиси сигурно ќе нанесе бројни жртви меѓу украинските сили.“

Џорџ Барос, аналитичар за Русија во Институтот за изучување на војната, алармира дека и политичарите и медиумите создаваат неверојатно високи очекувања од Украинците, заради што постои опасност „да се создаде наратив за безизлезна ситуација или наратив за пропадната украинска контраофанзива.“

Дури и самиот Путин пред десетина ја прогласи украинската контраофанзива за неуспешна изјавувајќи:

„Непријателот немаше успех во ниту една област. Сите обиди за контраофанзива се сопрени, а непријателот е одбиен, со големи загуби“.

Токму ваквиот правец кој го зафаќа муабетот околу контраофанзивата може да биде злоупотребен од Москва која се надева дека НАТО со тек на време ќе се умори од давање воена помош на Киев и ќе ја остави или ќе ја натера Украина да седне на преговарачка маса.

На страна ПиАр делот од војната Украинците периодов не престануваат да вршат притисок да им биде испратена авијација, без која тие сметаат дека нема да можат адекватно да го чистат патот за пешадијата и оклопните единици. Не се работи за ништо експериментално туку за доктрина која е потврдена и прифатена од Западните сили и според која заедничкото делување на воздушни и копнени единици е најдобриот начин за напредување на фронтот. Самите Руси периодов крајно успешно ги користат Ка-52 хеликоптерите за спречување на украинските напади, редовно уништувајќи ги тенковите и оклопните возила.

„Започнавме контраофанзива без никаков вид на воздушна супериорност, ниту кај авијација, ниту кај дронови, ниту кај хеликоптери. Имаме малку предност во однос на прецизно наведувани ракети,“ објаснил Полјаков.

Ветувањето на САД дека ќе испорача Ф-16ки, најверојатно ќе биде исполнето во дури за неколку месеци.

Во меѓувреме предвидувањата на политиколозите, конкретно од Ранд корп, се дека ни едната ни другата страна немаат шанси за дефинитивна победа, и како резултат на тоа САД треба да почнат да се подготвуваат за нерешен исход и да размислуваат за дипломатско решение.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден поинаков историски час во Кино Манаки

Следно

НЕ ВРШИМЕ ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОК, ВЕЛАТ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ, ОТКАКО ВЕНЕЦИСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ГО ПОДДРЖА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop