Украина со право се откажала од западните тактики

September 28, 2023
1 min read

Процената доаѓа од еден од водечките американски тинк-тенкови Институтот за изучување на војната, а нивната порака е дека Западот треба да има повеќе доверба во Украина.

„Украинските сили го направија тоа што го прават успешни војски – се адаптираа и сега напредуваат. Украина ја препозна реалноста околу руската одбрана многу побрзо од западните политичари, кои очекуваат рапиден украински пробив,“ објаснуваат од институтот.

Украина контраофанзивата ја започна со тактиките што нејзината војска со месеци ги учеше во НАТО тренинг камповите, кои опфаќаа масовни комплицирани маневри на повеќе родови. По тешките загуби што ги претрпеа, Украинците се откажаа од овој пристап и преминаа на за нив попознатите тактики што се базираат на помали групи кои имаат поддршка од прецизна артилерија.

Уште во јули, авторите на Институтот објавија одделна проценка дека НАТО пристапот има сериозни слабости.

Една од главните критики на промената на украинската тактика е дека Украинците на овој начин ризикуваат да влезат во далеку подолг конфликт.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Луѓето се претвораат во машини, се изгуби човечката релација и природниот допир, вели режисерката Нела Витошевиќ пред премиера на „Фирма“ во Драмски театар

Следно

Лога порачува дека функционери нема да бидат дел од амнестијата: „Од затвор не излегуваат академци“

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop