Украина се надева на мировен самит оваа есен

August 2, 2023
1 min read

Ројтерс наведува дека претседателот на Украина и неговиот тим соработуваат со сојузниците за да обезбедат широка поддршка за мировниот самит, кој, според агенцијата, е насочен кон запирање на руската агресија која започна во февруари 2022 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се надева оти украинскиот „мировен самит“ може да се одржи оваа есен, а дека овонеделните разговори во Саудиска Арабија се отскочна даска кон таа цел.

„Работиме на тоа самитот да се одржи оваа есен. Есента доаѓа многу наскоро, но има уште време да се подготвиме за самитот на кој ќе учествуваат повеќето земји во светот“,

рече Зеленски, пренесе Ројтерс.

Фото: EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Агенцијата наведува дека претседателот на Украина и неговиот тим соработуваат со сојузниците за да обезбедат широка поддршка за мировниот самит, кој, според Ројтерс, е насочен кон запирање на руската агресија која започна во февруари 2022 година.

Самитот, како што додава Ројтерс, ќе се заснова на планот од 10 точки што претходно го објави Зеленски, а кој вклучува обновување на територијалниот интегритет на Украина и целосно повлекување на руските трупи, заштита на безбедноста на храната и енергијата, нуклеарната безбедност и ослободување на сите затвореници.

Сè уште не е договорено место за одржување на самитот кој нема да ја вклучува Руската Федерација.

Инаку, на 5 и 6 август во саудискиот град Џеда ќе се одржи самит за Украина, на кој ќе има претставници на речиси 40 земји, но не и на Русија која не беше поканета. Овој самит, според украинскиот претседател, треба да биде отскочна даска за одржување на мировниот самит во Украина оваа есен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиецот од синагогата во Питсбург доби смртна казна

Следно

Кина размислува со закон да го ограничи времето кое децата го поминуваат на мобилните телефони

Latest from Blog

Од Челзи зимава си заминуваат шестмина фудбалери

Екипата на Челси планира да направи мини чистка во соблекувалната зимава, откако менаџментот процени дека неколкумина играч реално се вишок во моментов во тимот. Менаџерот Енцо Мареска и летоска се соочи со

Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција

Апелацискиот суд во белгискиот град Антверпен му изрече парична казна од 25.000 евра на еден адвокат поради „злоупотреба на постапката со неправилна употреба на вештачката интелигенција“. Во образложението на пресудата се наведува

Изложбата „Лица“ на Ангел Коруновски – портрети на денешницата

Во галеријата „Мала станица“ во Скопје од вчеравечер е отворена изложбата „Лица“ на македонскиот академски уметник Ангел Коруновски. Поставката вклучува педесетина дела – скулптури, цртежи и слики – и ги привлече љубителите

МЕЛАНИЈА ВО ФУСТАН СО КУЛТЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ СИМБОЛ: Балканците веднаш препознаа и се воодушевени

Доналд Трамп и Меланија Трамп и оваа година, во пресрет на Божиќ, ја продолжија веќе воспоставената празнична практика на телефонски разговори, насочена пред сè кон децата и припадниците на војската. Повиците ги
Go toTop