Украина: Касетните бомби нема да ги користиме во урбани области, само на фронт за деокупација на нашите територии

July 8, 2023
1 min read

Украинските власти ја поздравија одлуката на САД да испратат касетна муниција во земјата. Министерот за одбрана Олексеј Резников на Твитер објави дека новото оружје значително ќе помогне да ги деокупираат украинските територии, истовремено спасувајќи ги животите на украинските војници. Муницијата нема да се користи на официјалната руска територија, вели Резников во објавата.

„Нашиот став е едноставен – мораме да ги ослободиме нашите привремено окупирани територии и да ги спасиме животите на нашите луѓе. Украина ќе ја користи оваа муниција само за деокупација на нашите меѓународно признати територии. Оваа муниција нема да се користи на официјално признатата територија на Русија“,

напиша Резников.

Олексеј Резников, министер за одбрана на Украина
Фото: Би-би-си

Тој објаснува дека имаат неколку принципи за употребата на ова оружје и дека за тоа ги информирал и стратешките партнери, вклучително и САД.

„Нема да користиме касетна муниција во урбаните области (градови) за да ги избегнеме ризиците за цивилното население – тоа се наши луѓе, тие се Украинци кои имаме должност да ги заштитиме. Касетната муниција ќе се користи само на полињата каде што има концентрација на руска војска. Тие ќе се користат за пробивање на непријателските одбранбени линии со минимален ризик по животите на нашите војници. Спасувањето на животите на нашите војници, дури и за време на исклучително тешки офанзивни операции, останува наш главен приоритет“

додава Резников.

Вчера американскиот претседател Џо Бајден за Си-ен-ен потврди дека САД за првпат ќе и испратат касетна муниција на Украина и оти е убеден дека ова оружје му е потребно на Киев за противофанзивата против Русија.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, кажа дека одлуката Бајден ја донел по едногласна препорака од целиот тим за национална безбедност.

Русија, како што наведе Саливен, користи касетна муција од почетокот на војната, а Украина ја бара за да се одбрани од руската агресија.

„Постои голема разлика помеѓу типот на касетна муниција што ја користи Русија и видот што САД би го испратиле во Украина. Русија веќе расфрлила десетици милиони од ова оружје на украинска територија. Мораме да се запрашаме – Дали украинската употреба на касетната муниција во истата област претставува дополнителна закана за цивилите, со оглед на тоа дека таа територија сепак ќе мора да биде деминирана“,

рече Саливен.

Касетната муниција, често наречена и касетни бомби, претставува канистер кој во себе носи десетици до стотици мали бомби, наречени подмуниција. Канистрите можат да бидат исфрлени од авион, испалени во проектил или од артилерија, бродски топови и ракетни фрлачи

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПОЧИНА СРПСКИОТ РЕЖИСЕР И СЦЕНАРИСТ СРЃАН КОЉЕВИЌ

Следно

Израел подготвува план за копнена траса за поврзување на пристаништата со ОАЕ

Latest from Blog

Осуда од сите страни за сквернавењето на македонското знаме- надлежните органи постапуваат по настанот, МВР со прес

Кинење и сквернавење на македонското знаме беше забележано синоќа за време на прославувањето на Денот на албанското знаме во Скопје. Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други

СПМ најостро го осудува хулиганското дивеење и уништувањето на државното знаме

Социјалистичката партија на Македонија најостро го осудува хулиганското дивеење и уништувањето на државното знаме. -Директно ги посочуваме виновниците кои на вандалски начин го сквернавеа македонското знаме. Тоа претставува чин на непочитување на

Фрлена рачна бомба врз зградата на општината во Звечан во северно Косово

Косовската полиција соопшти дека синоќа пред полноќ дошло до експлозија во Звечан во северно Косово, предизвикана најверојатно од рачна бомба фрлена врз зградата на тамошната општина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Димитриевски: Органите на прогонот да ги откријат лицата кои го уништуваа државното знаме и да бидат казнети по закон

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски го осуди, како што посочува непочитувањето на Законот за употреба на знамињата од страна на институции и органи и синоќешното уништување и
Go toTop