Украина ја спаси хаубицата

January 9, 2024
1 min read

Во сегашната прва фаза се работи на производството на резервни делови за поправка на М777 кои се на фронтот во Украина. Заради ова британската компанија БАЕ системс објави дека го обновува производството на делови хаубицата.

Од БАЕ изјавуваат дека од почетокот на војната во Украина до сега 8 држави се заинтересирале за купување на М777. Иако се работи за постар модел, М777 се покажаа како поиздржливи и помалку склони кон расипување од помодерните самоодни хаубица кои беа пратени на фронтот во Украина.

За разлика од неколку претходни војни (Авганистан, Ирак) во кои не можеше да се покаже нешто посебно, украинскиот конфликт и легна на хаубицата за да ја истакне својата корисност во фронтовска војна против конвенционална воена сила. За ова придонесе и тоа што  најголемиот дел од артилериската помош за Украина се токму М777 хаубиците.

Земјата доби најмалку 170 хаубици од овој модел, меѓутоа до сега околу 80 од нив се оштетени или унитштени.

Слабост на М777 е што мора да се влечат со возило заради што се поспори за преместување по испукување граната, отколку самоодните хаубици, а проблем е и што титаниумските делови на хаубицата склони кон оштетување од шрапнел.

И покрај ова украинските артилерци се задоволни од М777 бидејќи се многу прецизни, а заради лесните титаниумски делови полесно можат да се движат низ калта. Плус е и што М777 се полесни за управување и поправка од останатите западни хаубици што се користат во Украина.

Заради ваквата наклоност на артилерците М777 е многу почесто во битките на украинскиот фронт, во околу 85% од борбите, на што се должи и големиот број на оштетени парчиња.

Очекувањето е дека првите нови М777 хаубици ќе бидат испорачани во 2025, а во меѓувреме БАЕ треба да најдат нов снабдувач за титаниум, и да обучат нова работна сила за производство на М777.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вевчански карневал од 12 до 14 јануари, функционерите и политичарите што правеле негативни работи ќе може да се видат

Следно

Ракометарите тренира на „Меркур Шпил Арена“, утре го отвораат 16-тото Европско првенство (ВИДЕО)

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop