Украина ја добива војната, ама нема да биде брзо

August 14, 2023
2 mins read

Весникот цитира еден американски функционер кој вели „ја немаме баш затворено книгата за 2023, ама веќе се подготвуваме за 2024,“ надополнувајќи дека во Киев и на Западот има се поголема свесност дека треба да почнат да работат на нова и подолга временска рамка.

„Украинците признаваат дека контраофанзивата не мина како што беше планирано, и тие не напредуваа како што се надеваа и очекуваа. Тоа не значи дека контраофанзивата пропадна, бидејќи се ослободи територија а руските сили сериозно се деградирани. Остануваат месец или два во кои Украина може да постигне пробив на фронтот.

Без разлика, иако не значи дека е невозможно, шансите за голем пробив на јужниот фронт кој ќе ги подели руските сили на две и ќе го изолира Крим, бледнеат,“ пишува Марк Галеоти во текстот за Тајмс.

Галеоти смета дека и покрај опремата и обуката што дојде од Западот ваквиот исход е очекуван бидејќи „армија не може да се реформира во рок од неколку месеци“, па сега украинската армија е заглавена меѓу старите советски доктрини и учења и новите западни практики.

Успесите на Украинците е што за цело ова време ги развлекуваат руските сили и ги десеткуваат нивните редови. Бројките што ги пренесува Тајмс се дека тие Украинците уништуваат по 25 парчиња руска артилерија на ден, додека во исто време ја таргетираат нивната заднинска логистика и линии на снабдување.

Нуспојавата од развлекувањето на руските сили е тоа што и самите украински сили се раширени по цел фронт, па делови од единиците кои требаа да бидат резервирани за пробивањето сега се испратени да ги држат фронтовските линии.

Самите напади на Украинците мора да се изведуваат со помали единици, бидејќи големите, се ранливи на руската артилерија и хеликоптери. Ова е посебно проблем бидејќи наспроти нив е армија која е добро утврдена и вкопана.

Процената е дека Украинците успеаа да ја свртат артилериската војна во своја корист, бидејќи иако Русите и понатаму истрелуваат повеќе гранати, Украинците располагаат со поново оружје со поголема моќност и домет од руското.

Бавниот напредок на контраофанзивата полека почна да предизвикува раскол меѓу Западот и Украина, па кога пред некое време Германците тврдеа дека сегашната ситуација е резултат на тоа што Украина одбива да ги спроведе западните лекции (кои и не се нешто многу спроведливи бидејќи се базираат на оружана и воздушна супериорност, кои тие ги немаат), Украинците вратија дека резултатот е исход на престрашеноста на НАТО.

Еден од знаците на фрустрација е ескалацијата на напади со дронови и саботажи на руска територија, за кои постои опасност дека Путин би можел да ги искористи како оправдание за вечна војна.

Моментално речиси и да нема веројатност воопшто да се започнат мировни преговори, откако на средбата во Саудиска Арабија од пред една недела Украина ги повтори своите десет точки, кои во основа бараат повлекување на сите руски сили од нејзина територија.

„И затоа станува се појасно дека оваа војна ќе се води на подолг временски период. Може да се каже и дека борбите од летово ги позиционираат Украинците за поголем успех следната пролет. Тие ќе имаат уште повеќе западна опрема, вклучувајќи и Абрамс тенкови, а можеби и Ф-16 авиони. Уште поважно, тие ќе имаат повеќе време да вежбаат на нив и да развијат сопствена доктрина за нивно користење,“ пишува Галеоти.

Наспроти ова, руската економија се движи кон фаза на прегревање, а и покрај одредени успеси во производството на дронови, таа нема капацитети да ги замени одбранбените системи кои до сега и беа уништени. На штета на специјалната операција е и одлуката се уште да не се почнува со мобилизација имајќи предвид дека наскоро ќе има локални избори во Русија, иако војската сакаше веќе да е почнато со тоа. Одолговлекувањето ќе го намали времето за нивна обука пред почетокот на следната сезона на офанзиви.

Процената на Галеоти е дека исходот на војната зависи од долгорочноста на украинските капацитети да продолжат да се борат и на западната подготвеност да продолжи да ги поддржува истите.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фото-изложба во Охрид на тема „Вода = Живот“

Следно

Путин: Русија е отворена за соработка со земјите „што ги бранат своите национални интереси“

Latest from Blog

Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага. По првите две трки во

Турското беспилотно летало АКИНЏИ успешно го заврши тестот со сетот за наведување од домашно производство

ИСТАНБУЛ (АА) – Дронот „Бајрактар ​​Акинџи“, едно од истакнатите турски беспилотни борбени летала, успешно го заврши тестот за гаѓање со комплетот за наведување ТЕБЕР-83 на турската одбранбена компанија „Рокетсан“, објави денес компанијата

И Сиљановска Давкова со честитка до новиот папа!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва упати честитка до новиот папа Лав XIV. „Топло му честитам на Неговата Светост Папата Лав XIV за неговото назначување за водач на Католичката црква и му посакувам

Мицкоски: Изборот на Лав XIV е симбол на ново време на отвореност

Премиерот Христијан Мицкоски, на својот фејсбук-профил, го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата лав четиринаесетти.   – Изборот на неговата светост, папата Лав xiv, прв понтиф со потекло од
Go toTop