Украина: Го уништивме рускиот команден центар на Крим

January 6, 2024
1 min read

Во текот на ноќта, руското Министерство за одбрана објави дека неговите системи за противвоздушна одбрана собориле четири украински ракети

Украинската армија утринава извести дека во ноќен ракетен напад го уништила рускиот команден центар на аеродромот „Саки“ на полуостровот Крим.

„Аеродромот ‘Саки’: погодени се сите цели“,

рече командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук, пренесуваат локалните медиуми.

Во текот на ноќта, руското Министерство за одбрана објави дека неговите системи за противвоздушна одбрана собориле четири украински ракети. Извештаите не можеа да бидат независно проверени.

Од инвазијата на Украина во февруари 2022 година, украинските сили вршат чести напади врз руски воени цели на Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.

Објектот „Саки“ се најде на насловните страници во август минатата година кога украински проектили уништија неколку руски авиони паркирани на отворено.

Во септември оваа година, Украина го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол со крстосувачки ракети „сторм шедоу“ испорачани од Запад.

Големиот десантен брод „Новочеркаск“ беше потопен на 26 декември додека беше закотвен во пристаништето.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Аеродром ги пречека и ги даруваше коледарчињата

Следно

Израелски експерт: Сè уште нема знаци на слабост или повлекување од Хамас

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop