Украина: Бројот на загинати во нападот на Тернопољ се зголеми на 16, повредени се 64 лица, вклучително 14 деца

November 19, 2025
1 min read

Бројот на загинати во руските напади на Тернопољ се зголеми на 16, додека 64 лица се повредени, соопшти полицијата на Тернопољската област.


Според последните податоци, до 12 часот по локално време потврдена е смртта на 16 лица, 64 се повредени, меѓу кои 14 деца, а 45 лица се спасени, пренесува Укринформ.

Полицијата наведува дека во нападите биле оштетени објекти од индустриската и критичната инфраструктура, додека опсегот на разурнувањето сè уште се утврдува. На местата на удар се ангажирани истражни тимови на полицијата, патроли, криминалистички техничари, екипи за отстранување експлозивни средства, припадници на служби за вонредни ситуации и медицински тимови. Психолозите на Националната полиција и други надлежни служби им пружаат поддршка на повредените и загрозените граѓани.


Претходно денеска, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека во нападот врз Харков се повредени најмалку 46 лица, а во ноќта помеѓу 18 и 19 ноември Русија лансирала повеќе од 470 борбени дронови и 48 ракети од различни типови на територијата на Украина.

„Секој напад врз секојдневниот живот покажува дека притисокот врз Русија не е доволен. Ефикасните санкции и помошта за Украина можат тоа да го променат. Приоритет се ракети за ПВО, дополнителни системи, зајакнување на капацитетите на борбената авијација и производство на дронови за заштита на животот“, истакна Зеленски.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

10 Мудрости од Историјата кои и Денес го Менуваат Начинот на Размислување

Следно

Новиот план на Флорентино Перез за Реал Мадрид

Latest from Blog

Министерството за финансии започнува процес за поврат на средствата од солидарниот данок

Државата во текот на следниот месец треба да го исплати првиот дел од солидарниот данок што компаните во 2023 година го уплатија во согласност со Законот за данокот на солидарност. Од Министерството

Тоневски: Пробиштип продолжува со еко-акции

Денеска во село Петршино се спроведе акција за чистење на дивите депонии, како дел од пошироката еко-иницијатива на Општина Пробиштип. Следната локација за чистење ќе биде село Турско Рудари, а потоа акциите

Велика Британија воведува санкции против „Транснефт“

Санкциите се објавени на четвртата годишнина од почетокот на војната. Британската влада соопшти дека „Транснефт“ е еден од најголемите оператори на цевководи во светот и транспортира повеќе од 80 проценти од извозот
Go toTop