Украина, Белорусија и Блискиот Исток теми на Советот за надворешни работи на ЕУ

March 18, 2024
1 min read

Руската агресија врз Украина, случувањата во Белорусија и состојбата на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, со кое ќе претседава високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, средбата на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата ќе започне во онлајн неформална размена на мислења со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Делот од заседанието посветен на руската агресија врз Украина ќе започне со обраќање украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба до неговите европски колеги преку видео конференциска врска.

Советот за надворешни работи ќе дебатира и за најновите случувања во Белорусија, во врска со „влошената состојба со почитувањето на човековите права и континуираната поддршка што белорускиот режим ја дава на руската агресивна војна против Украина“.

Шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ ќе разговараат и за состојбата на Блискиот Исток, пред се околу Појасот Газа, но и во поширокиот регион.

Советот за надворешни работи ќе расправа и за тековни прашања при што министрите ќе можат да разменат мислења за најновите случувања во надворешните односи на ЕУ.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прелиминарни резултати: Владимир Путин доби 87,29 отсто од гласовите на претседателските избори во Русија

Следно

Туркије го одбележува Денот на мачениците и 109-годишнината од поморската победа во Чанаккале

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop