Украина: 11-годишно девојче го продолжува школувањето во засолниште од 4 квадратни метри

March 25, 2023
1 min read

ДОЊЕЦК (АА)

– Давид КАЧКАЧИШВИЛИ

Единаесетгодишното девојче Евелин една година престојува во засолниште во украинскиот град Лиман, каде што ја следи наставата во 4 квадратни метри, пишува Анадолу.

Украинската војска минатата година воспостави контрола над овој град, меѓутоа, поради интензивните руски напади, цивилите и понатаму престојуваат во засолништата каде се обидуваат да продолжат со своите животи.

Лиман претрпе огромни разорувања во текот на руските напади, а на улиците во овој украински град можат да се видат многу малку луѓе кои се борат да преживеат под тешките услови.

Цивиlите главно престојуваат во засоlништата каде ги организирале своите животи.

Во разрушениот град, во кој нема пивка вода, а делумно е снабден и со природен гас и електрична енергија, цивилите излегуваат надвор само за да подготват храна.

Бидејќи во близина се наоѓа Доњецкиот фронт, на кој продолжуваат судирите меѓу руската и украинската Армија, во градот често се слушаат експлозии.

Во едно од засолништата се наоѓа и девојчето Евелин со својата мајка и баба.

Презимето не го откри од безбедносни причини.

Таа рече дека веќе подолго време живее во простор од околу 4 метри кавадратни.

„Имам 11 години. Во засолништето сум со мајка ми и баба ми. Тука сме околу една година“, раскажа Евелин.

Војната во Украина е причина за прекин на наставата во училиштата, а уништени се и голем број образовни установи во земјата.

Евелин ја следи наставата од нејзиниот учител онлајн, но само кога има струја.

„Ако има струја, имам часови преку телефон. Тогаш ќе ја побарам истата лекција во книгата и учам“, рече Евелин.

Во малиот, темен простор од 4 метри квадратни, живеат малата Евелин со нејзината мајка и баба, но во просторијата имаат само два кревета.

Евелин рече дека голем број нејзини соученици го напуштиле градот и заминале во посигурни подрачја.

„Школските другари и другарки ги немам видено повеќе од една година. Ми недостасуваат. Прво имавме онлајн часови, а потоа почна војната и оттогаш ги немам видено“, раскажа 11-годишното девојче.

Во улицата во која живее има само уште едно девојче со кое повремено си игра.

„Животот во засолниште е можен, но е многу тежок. Сонувам да влезам во мојата куќа и да имам мир“, додаде Евелин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гутереш: Опстанокот на човештвото зависи од управувањето со водните ресурси

Следно

Тројца обвинети за продажба на дрога и амфетамин во Катланово

Latest from Blog

Во ОАЕ уапсени 45 лица поради ширење лажни информации за конфликтот на Блискиот Исток

Помеѓу уапсени има и странски државјани. Уапсените се товарат за „снимање на разни локации за време на тековните настани и нивно објавување на социјалните мрежи“. Тие се осомничени и за „ширење неточни

Муцунски: Благодарение на брзата комуникација со нашите партнери, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на многу држави да помогнат, нашите пациенти добија медицинска грижа во болници ширум Европа

Во деновите кога одбележуваме една година од трагичниот пожар во Кочани, утрово се обратив на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по пожарот. Истакнав дека трагедијата нè потсети

Денот на пожарот во Кочани беше најтежок ден во мојот живот како човек, не само како премиер, кажа Мицкоски на одбележувањето на годишнината од трагедијата

Премиерот денеска во Skopje ја отвори меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките решенија по пожарот во Kochani, со која се одбележува една година од трагедијата. Тој истакна дека овој настан оставил

Лапорта: Не предаде „ќељавиот“, ни заби нож во грб

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, благо кажано, е разочаран од заминувањето на еден од талентите од „Ла Масија“, Дро Фернандес. Дро помина низ фудбалската школа на Каталонците, играше за „Б“ тимот, дебитираше
Go toTop