УЈП со важна информација за даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност

May 26, 2025
1 min read

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека Управата за јавни приходи започна постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН пресметките поднесени преку клиентскиот софтвер при нивната обработка. 

Соодветно ќе има одреден краток прекин во обработката на МПИН пресметките кои се изготвени преку клиентскиот софтвер, кој ќе трае до завршување на процесот на обнова на јавниот клуч.

Во овој контекст, ги повикуваме даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност да не поднесуваат МПИН пресметки, изготвени преку клиентскиот софтвер, се до завршување на постапката на обнова на јавниот клуч. Сите МПИН пресметки поднесени до оваа објава преку е – пошта [email protected],  ќе бидат обработени.

Напомнуваме, дека оваа постапка нема да има влијание на обработката на МПИН пресметките поднесени преку системот е-даночни услуги.

По завршување на целокупниот процес, Управата за јавни приходи ќе излезе со дополнително соопштение и насоки за понатамошно постапување во однос на преземање на новиот јавен клуч на Управата за јавни приходи и поднесување на МПИН пресметките.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жените „невидливи“ на раководните позиции во спортските организации

Следно

Израел ќе ги зголеми резервните сили за 50.000 за да го прошири геноцидот во Газа

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop