УЈП: Нова можност за издавање на код за идентификација за интегрирана наплата

March 8, 2025
1 min read

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека заврши со надградба на системот за е-Даночни услуги преку воведување на нова фукционалност, поднесување на барање за издавање на код за идентификација за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку тековниот систем за пресметка на плати. 

Се повикуваат обврзниците кои имаат проблем со кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките, барањата за издавање на нови кодови да ги поднесат преку системот е-Даночни услуги.

Барањето се наоѓа во менито „Прегледи и извештаи “ во подмени „Барање за издавање на клуч за спремање на плати“. Издадените кодови ќе бидат поставени на вашите профили на системот е-Даночни услуги во наведеното мени.

Дополнително, информиравме дека обврзниците кои се одлучиле МПИН пресметките да ги изготвуваат преку системот е-Даночни услуги согласно соопштението од 06 – ти март 2025 година, нема потреба да поднесуваат барање за издавање на клуч за пресметка на плати. 

Управата за јавни приходи ќе излезе со дополнително соопштение кога целосно ќе започне да се користи новиот начин на пресметка на платите.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Таравари со криминал, преку „Ѓока“ ќе им наплаќа паркинг на пациентите како да се во шопинг мол!

Следно

Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop