УЈП: До март плата за јануари не зеле над 21.000 работници

March 6, 2025
1 min read

Откако во јавноста беше објавено дека 83.000 работници сè уште не ја примиле јануарската плата, Управата за јавни приходи (УЈП) се огласи со соопштение, во кое ги објаснува состојбите со исплатата на платите за месец јануари 2025 година.

Во соопштението, УЈП нагласува дека за месец јануари 2025 година, обврска за исплата на бруто плата имале вкупно 70.322 работодавачи за 550.001 вработено лице. Како што се наведува, поради тоа што законскиот рок за исплата, 15 февруари, се паднал во сабота, уплатите до 14 февруари ги направиле 46.525 работодавачи (66,2%) за 468.490 вработени лица (85,2%).

Со оглед на дополнителните уплати на 17 февруари, МПИН пресметките ги платиле 52.384 работодавачи (74,5%) за 496.778 вработени лица (90,3%). Ова покажува дека исплатата на платите продолжува со задоцнување и по истекот на законскиот рок.

Заклучно со 4 март 2025 година, МПИН пресметки поднеле и платиле 60.118 работодавачи (85,5%) за 528.418 вработени, што е 96,1%. Управата истакнува дека не е точно дека над 80.000 вработени сè уште не ја примиле јануарската плата. Всушност, заклучно со 4 март, 4.307 работодавачи (6,1%) не платиле МПИН пресметка за 11.504 вработени лица (2,1%), а 5.897 работодавачи (8,4%) сè уште не поднеле МПИН пресметка за месец јануари 2025 година.

Управата за јавни приходи информира дека мерките за присилна наплата се во тек, со очекување дека ќе продолжи наплатата на преостанатите долгови. На крајот, УЈП напомена дека редовно го следи трендот на исполнување на даночните обврски и дека податоците за работодавачите кои исплаќаат плата во законскиот рок и оние кои исплаќаат со задоцнување се на приближно исто ниво.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЈП: Не е точно дека над 80.000 вработени не зеле јануарска плата за 2025

Следно

Белградската филхармонија до македонската: Имате поддршка, изберете најквалификуван, а не партиски директор

Latest from Blog

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за
Go toTop