УЈП: 2.500 казни за неиздавање фискални сметки – 113 фирми со забрана за работа

December 7, 2025
2 mins read

Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека во следниот период, а во пресрет на новогодишните празници, ќе се спроведуваат засилени и проширени контроли на евидентирањето на готовинскиот промет. Фокусот ќе биде насочен кон сите угостителски објекти – ресторани, кафе-барови, дискотеки, сендвичари и други субјекти кои работат со готовински плаќања.

Пред отпочнување со подетални контроли и изрекување санкции, УЈП спроведе обемен процес на советодавни активности и канцелариски анализи со цел да се согледа однесувањето на даночните обврзници и нивото на усогласеност со законските прописи. До 20 ноември се реализирани 3.500 советодавни посети на продавници и угостителски објекти, при што даночните службеници ги информираа обврзниците за најчестите неправилности со цел навремена корекција и нивно усогласување.

Во текот на посетите беа утврдени состојби како: фискални апарати кои немаат налепници од овластен сервисер, кај некои се појавуваат оштетени пломби, а кај одреден број обврзници беше детектирано дека адресата на која е регистриран фискалниот апарат не соодветствува со реалната локација на работењето. Утврдено беше и неуплаќање на дневниот промет во банка, како и неводење книга на дневни финансиски извештаи. Овие активности продолжуваат и со нив ќе бидат опфатени сите субјекти кои работат со готовински промет.

Паралелно со советодавните посети, Управата за јавни приходи спроведе детални анализи врз основа на податоците од ГПРС системот, теренските контроли и ДДВ-пријавите. Анализите укажуваат на ризични состојби кај дел од обврзниците кои континуирано евидентираат низок или идентичен дневен промет, кај други има отстапки меѓу капацитетот на објектот и пријавениот промет, неусогласеност меѓу прометот евидентиран во фискалните каси и прометот пријавен во ДДВ пријавите и сл.

Врз основа на овие ризици, Управа за јавни приходи (УЈП) продолжува со контроли кои се плански и поткрепени со анализа на ризик. На терен ќе се врши детална проверка на точноста на ДДВ стапките по кои се евидентира готовинскиот промет, потврдување на локацијата на фискалните уреди и сл. Контролата не претставува само едноставно пребројување на средства во благајната и нивно вкрстување со податоците од фискалниот уред, туку инспекторите и контролорите ќе ги испитуваат сите релевантни факти за да ја утврдат реалната фактичка состојба.

Покрај советодавните посети, до крајот на ноември годинава Управа за јавни приходи (УЈП) веќе спроведе околу 4.000 контроли за регистрирање на готвинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година. Притоа изречени се над 2.500 глоби, а за 113 даночни обврзници изречени се мерки за забрана за вршење дејност, односно запечатување објект.

Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет. Во поширок контекст, овој факт укажува и на користење на неевидентираниот промет за плаќања во готовина меѓу фирми и исплата на плати во плик, практики кои се спротивни на законот и претставуваат облици на сивата економија, создаваат нелојална конкуренција и предизвикуваат загуби за буџетот.

Кон поголем број од даночните обврзници кои беа казнети за неиздавање фискални сметки и неевидентиран промет, УЈП испрати персонализирани пораки со повик обврзниците да поднесат исправки на даночните пријави, да го пријават прометот и да го платат данокот. УЈП го следи постапувањето на овие даночни обврзници и најавува дека, доколку не постапат доброволно, ќе следуваат и дополнителни контроли со примена на индиректни методи за утврдување на прикриениот промет и неплатениот данок.

УЈП упатува јасен апел дека почитувањето на законот не е избор и дека евидентирањето на прометот не претставува приватен договор меѓу продавачот на добра/давателот на услуги и купувачот/корисникот на услуги, а прекршувањето носи последици за сите, особено за чесните компании кои работат според правилата. Истовремено, апелираме граѓаните да бараат фискална сметка, бидејќи секоја неиздадена сметка претставува пари кои завршуваат во приватни џебови наместо во државниот буџет кој ги финансира здравството, образованието и јавните услуги.

Пораката е јасна: УЈП е на терен, следи и постапува. Целта е намалување на даночната евазија, фер економија и еднакви правила за сите учесници во економијата. Чесните обврзници имаат поддршка, а оние кои го избегнуваат системот ќе се соочат со соодветни последици. УЈП останува решителна, транспарентна и доследна во заштитата на јавниот интерес и државниот буџет.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судбината на Слот веќе е позната! Клупската икона седнува на клупата на Ливерпул!

Следно

Интервју на МИА со кардиохирургот Колев: 30-45 минути пешачење за 50 отсто ви ја намалува опасноста да завршите на кардиохиругија

Latest from Blog

Хамбургер поуспешен во „голеадата“ од Вердер

Тимот на Хамбургер ја искористи предноста на домашниот терен и успеа вечерва да биде поуспешен од Вердер Бремен со конечни 3:2. Одличниот натпревар имаше пресврти, интензитет, многу шанси и конечно пет гола.

Нетанјаху: Израел и Хамас се многу блиску до втората фаза од мировниот договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се очекува неговата земја и палестинското движење Хамас „многу брзо да преминат во втората фаза од прекинот на огнот“ откако Хамас ќе ги врати останките на

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот одбор на партијата Антонијо Милошоски денеска истакна дека Договорот за стратешко партнерство со Британија, не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија. Со тоа,

“БРЕНА Е НАЈГОЛЕМА БУДАЛА НА ЕСТРАДАТА…“ Аца Лукас е нервозен и сериозно се закрвил

Една од нив беше за естрадата, а Лукас без двоумење одговори кога го прашаа кого од неговите колеги го смета за најголема будала. Музичката ѕвезда Аца Лукас и неговиот пријател и продуцент,

ДАРИЈА СЕ ПОРОДОЛА НА 13 ГОДИНИ. Што потоа… “Социјално мрежното воспитување“ уништува генерации

Приказната стана феномен на нашето време кога децата стануваат “возрасни“ преку ноќ и преслободниот секс кој општеството го прифаќа или премолчиува без оглед на последиците. Ова е една по последиците на тој
Go toTop