Угостителите ќе добијат свој глас во Град Скопје, најави Ѓорѓиевски

October 6, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска се сретна со угостителите од општина Карпош, заедно со кандидатот за градоначалник на општината, Сотир Лукровски.

На средбата се разговараше за проблемите и можностите на угостителскиот сектор, кој, како што истакна Ѓорѓиевски, претставува „мотор на градската економија и дел од пулсот на Скопје“.

„Секоја идна одлука ќе биде резултат на дијалог, разбирање и интерес за сите страни. Нашиот град заслужува повеќе енергија, младост и креативност, а тоа е можно само со поддршка на угостителите“, изјави Ѓорѓиевски.

 

Тој најави дека во рамки на неговиот кабинет во Град Скопје ќе биде назначен специјален советник за угостителство, кој ќе биде избран од редовите на самите угостители. Целта е да се создаде директна комуникација и партнерски однос меѓу градската администрација и угостителскиот сектор.

„Заедно ќе градиме политики и решенија за подобар ноќен живот и посилна угостителска сцена“, порача Ѓорѓиевски, изразувајќи благодарност за поддршката и конструктивниот дијалог на средбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство

Следно

Израел и Хамас започнаа преговори во Египет

Latest from Blog

Мицкоски: Очекувам законот за прекршоци да помине на следната собраниска седница, а „Безбеден град“ да почне од 1 февруари

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци

Џоди Фостер: Сексуалните напасници ја користат својата моќ за да манипулираат со послабите

Дел од таа моќ, вели, произлегла од номинацијата за „Оскар“ на 12 години за нејзината улога во филмот „Таксист“ на Мартин Скорсезе, којшто „ја поставил на побезбедна основа“ во споредба со други

Ова е датумот до кој би требало да се РАСКИТИ ЕЛКАТА

Китењето на божиќното дрво и новогодишната елка за повеќето домови е најсвечениот момент во годината, симболизирајќи надеж за подобро утре и радост од новиот почеток. Меѓутоа, како што празничните денови се приближуваат
Go toTop