УЕФА забрани гостински навивачи на натпреварите меѓу хрватски Динамо и грчки АЕК

August 4, 2023
1 min read

Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука двата натпревари од квалификациската фаза во Лигата на шампиони меѓу загрепски Динамо и атински АЕК да се играат без присуство на гостински навивачи.

Одлуката, како што наведе УЕФА, е донесена од „безбедносни причини“.

Пресметката меѓу Динамо и АЕК е во рамки на третото квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Динамо, во чиј редови настапува капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, ќе гостува во Атина на првиот натпревар на 8 август, додека реваншот во Загреб е на 15 август.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Високо ниво на канцерогена супстанца е откриен во чипс произведен во Србија

Следно

Дали Кремљ ќе го дофати и нигерскиот ураниум?

Latest from Blog

Почина Мојсо Мојсковски, долгогодишен новинар и уредник во Македонското радио

Почина Мојсо Мојсовски, долгогодишен новинар и уредник, во Македонското радио. Мојсовски остави длабока трага во историјата на Македонското радио – Радио Скопје и во македонското новинарство.  Тој е роден на 8 септември

Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот за формирање влада на Израел

Ќор-сокакот дојде откако технички премиерот Бенјамин Нетанјаху и лидерот на опозицијата Гади Ајзенкот денес се обидоа да најдат излез од политичкиот ќор-сокак создаден по изборите минатиот месец, пишува Би-Би-Си. Десничарската Ликуд на

Швајцарија ги менува правилата за извоз на оружје, пензискиот ДДВ не доби поддршка, ниту оданочувањето на брачните двојки

Швајцарците на денешниот референдум со тесно мнозинство го поддржаа ублажувањето на прописите за извоз на оружје, покажуваат првичните проекции објавени по затворањето на избирачките места, пренесува швајцарската телевизија СРФ. Според проекциите на
Go toTop