УЕФА се закани со тужби поради Златната Топка

November 2, 2024
1 min read

Овогодинешното доделување на Златната топка во организација на „Франс фудбал“ и за прв пат во соработка со Европската фудбалска унија (УЕФА) продолжува да предизвикува полемики и реакции.

Се разгореа дебатите кој ја заслужил престижната награда, со поделени мислења, некои сметаа дека Родри ја заслужил, други го критикуваа однесувањето на Винисиус пред церемонијата, тврдејќи дека поради арогантното однесување „заслужил да биде дисквалификува“.

Исто така, се коментира и критикува однесувањето на Реал, клуб за кој некои тврдат дека повеќе не е пример за водење бизнис со стил. Социјалните мрежи беа преплавени со тврдења дека УЕФА имала влијание врз исходот од гласањето, па дури дека влијанието го икористил претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

УЕФА брзо реагираше на овие шпекулации, објавувајќи соопштение во кое јасно ги отфрли сите тврдења за наводна вмешаност.

„Категорично отфрламе какви било приказни за наводната вмешаност на УЕФА во исходот од гласањето за победниците на Златната топка. Ниту УЕФА ниту нејзиниот претседател не објавија никакви изјави или коментари за резултатите од изборот. Ваквите извештаи се целосно неосновани и не ја отсликуваат реалноста. Ќе го задржиме нашето право да покренеме правна постапка против сите оние кои шират такви лаги“, велат од УЕФА.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателката Сиљановска Давкова се потпишав во Книгата на жалост отворена во Амбасадата на Република Србија во Скопје

Следно

Марковски: Ваквите наоди на ЕК се пренагласени и се однесуваат на изолирани случаи

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа
Go toTop