УЕФА може да воведе санкции за ПСЖ поради долг кон Мбапе

January 7, 2025
1 min read

ПСЖ се соочува со санкции од УЕФА поради долг кон поранешниот напаѓач на тимот Килијан Мбапе, пренесува L’Equipe.

Според изворот, на 20 декември адвокатите на фудбалерот испратиле тужба до највисоката жалбена комисија на Француската фудбалска федерација со барање да се воведат санкции за парискиот клуб.

Според прописите на Европската фудбалска федерација, ПСЖ е должен до 15 јануари да достави информација за затворање на долгот. Во спротивно, клубот се соочува со санкции од УЕФА.

Претходно беше објавено дека ПСЖ му должи на Мбапе 55 милиони евра за неисплатени плати и бонуси.

Мбапе минатото лето го напушти ПСЖ како слободен играч и потпиша договор со Реал Мадрид. Напаѓачот играше за парискиот клуб од 2017 година. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Мајка роди три бебиња на Бадник во Македонија

Следно

Традиционалните македонски имиња се губат пред бранот на помодарството

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop