УЕФА ќе прави промени: Квалификациите за ЕП и СП во иднина со единствена табела како во Лигата на шампионите?

October 11, 2025
1 min read

УЕФА во иднина може да го промени форматот на квалификациите за Светското и Европското првенство.

Комитетот на националните тимови на УЕФА формираше работна група која ќе разгледа опции за промена на форматот на квалификациските турнири за Светското првенство и Европското првенство, објави „Тајмс“.

Оваа група ќе разгледа неколку различни системи. Поточно, ќе одлучи дали да ја користи Лигата на нации како квалификациски турнир или како втора опција е воведувањето на швајцарскиот модел со единствена табела во лигата. Овој формат од минатата сезона почна да се користи во европските натпреварувањ, вклучително и Лигата на шампионите.

Овие планови беа објавени на состанокот на генералните секретари на 55 европски федерации, што се одржа во Малага пред две недели.

„Приходите од емитување и ангажманот на навивачите за време на квалификациите за националните тимови се намалуваат, но растат во Лигата на нации. Ова прашање е разгледувано и претходно, но многу е тешко да се најде вистинската формула што нема да создаде проблеми за големите тимови и ќе биде конкурентна, а сепак ќе обезбеди можности за помалите тимови“, вели извор запознаен со ситуацијата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Месечината е најважната планета во хороскопот! Еве како таа влијае на вашата судбина

Следно

Османи му даде мандат на Курти да ја формира владата

Latest from Blog

МЗ иницира ДСЗИ да изврши инспекциски надзор во болницата во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче

Министерството за здравство соопшти дека иницира Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче. Од болницата денеска соопштија

Албанскиот премиер Еди Рама ги ТРОЛА ГРЦИТЕ И ЦРНА ГОРА: Вие сте најмоќната земја во регионот, имате 50 милиони жители

Албанскиот премиер Еди Рама повторно им се потсмеваше на Црна Гора и Грција, овој пат на панел-дискусија во рамките на самитот одржан во Обединетите Арапски Емирати. „Како Грк, секогаш ги потценувате другите

Коњановски: Граѓаните ќе ја следат зимската служба во реално време преку новата апликација

„Зима е, и очекувани се врнежи од снег, особено за овој наш регион. Зимската служба раководена од јавното претпријатие „Нискоградба“ е подготвена и технички и со човечки ресурси, како и со потребните

Николоски: Македонија и САД се стратешки партнери кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и спроведување на суштинските реформи

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучија заменик претседателот на Владата и
Go toTop