Учебната година за средношколците ќе заврши на 10 наместо на 17 јуни

January 17, 2024
1 min read

Учебната година за средношколците ќе заврши на 10 јуни, а не на 17 како што првично беше одлучено. Основните, пак, ќе одат во училиште до 17 јуни.

Одлуката за скратување од една недела, Министерството за образование и наука (МОН) ја донело по барање на Сојузот на средношколци.

„Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови во основното образование. Во Законот за средно образование не е одредена таа законска обврска за точен број работни денови. Сите одлуки се донесуваат во консултација со тие што се засегнати. Сојузот на средношколци побара освен пролетниот распуст заради административните постапки на запишување на децата во високото образование, средното образование да заврши на 10 јуни, тоа го дозволуваше законот и ние тука постапивме“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири на 17 јануари.

МОН ќе треба дополнително да донесе одлука и како ќе се надоместат двата неработни дена за учениците поради одржување на претседателски и парламентарните избори, кои според политичкиот договор ќе бидат во ден среда – 24 април (прв круг претседателски) и 8 мај (втор круг претседателски и парламентарни).

„Ќе треба да се разгледа како може да се постапи за тие два дена кои се предвидени во календарот на вкупен број денови годишно за реализација на наставата. Ќе известиме навремено кога ќе има владина одлука за тоа“, рече министерот.

Учениците во моментов се на распуст, а второто полугодие треба да започне в понеделник на 22 јануари. И средношколците и основците, оваа учебна година (2023/2024) за првпат ќе имаат и пролетен распуст кој ќе трае од 29 до 6 мај.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судски совет; Пропадна обидот за разрешување на Беса Адеми од Врховен

Следно

Убивал бездомни мачки: Маж во Грција осуден на осум години затвор, треба да плати и 20.000 евра

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop