Учебната година во Србија завршува на 6 јуни, зградата на ОУ „Владислав Рибникар“ ќе остане училиште

June 1, 2023
1 min read

Основното училиште „Владислав Рибникар“, во кое пред речиси еден месец се случи масовно убиство во кое 13-годишник уби девет ученици и чуварот, ќе остане училиште. Тоа ќе се реконструира и ќе се изгради меморијален дел во спомен на децата и училишниот чувар, се вели во соопштението на Владата

Учебната година во Србија, во сите основни и средни училишта, ќе заврши на 6 јуни. Училиштата можат да продолжат со работа до 20 јуни, за учениците кои ќе го сакаат тоа, се вели во соопштението од Владата на Србија.

Одлуката за завршување на учебната година од Владата на Србија велат дека е поради трагедиите кои длабоко го погодија целото општество.

„Во овој момент е поважно од кога било да се фокусираме на она што е најдобро за нашите деца, бидејќи тие ја заслужуваат нашата целосна поддршка, љубов и грижа. Училиштата можат да продолжат со работа до 20 јуни, за учениците кои сакаат. Во тој период може да се организираат додатна, дополнителна и подготвителна настава, настава во природа, како и други облици на воспитно-образовна работа, со цел да се поттикнат социјалните и емоционалните  вештини и активности на теми толеранција, емпатија, заедништво, поддршка и благодарност“,

се додава во соопштението.

Исто така, се нагласува дека сите ученици кои не се задоволни од својот успех ќе имаат можност да ги поправат оценките на нивно лично барање до 20 јуни.

Основното училиште „Владислав Рибникар“, во кое пред речиси еден месец се случи масовно убиство во кое 13-годишник уби девет ученици и чуварот, ќе остане училиште, се вели во соопштението на Владата.

„Ќе се реконструира и во текот на реконструкцијата ќе се изгради меморијален дел во спомен на децата и училишниот чувар“,

наведуваат од Владата на Србија.

По вонредниот увид во училиштето „Владислав Рибникар“ се потврдија наодите на Центарот за социјална работа, Министерството за образование и Министерството за семејна грижа, дека во ова училиште немало врсничко насилство во однос на малолетникот. К.К.

„Токму затоа бараме од сите медиуми со должно внимание да се однесуваат кон овие информации и да не објавуваат непотврдени информации бидејќи со тоа продолжува процесот на трауматизирање на децата и родителите“,

се нагласува во соопштението.

Според претходниот училишен календар, учебната година за учениците од прво до седмо одделение во основните училишта требаше да трае до 20 јуни 2023 година, а за осмо одделение до 6 јуни.

За некои средношколци, до минатата година, последен училишен ден бил 30 мај, а за други 20 јуни.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мурињо за иднината во Рома: До понеделник сигурно останувам

Следно

Меси викендов последен пат во дресот на ПСЖ

Latest from Blog

Ќе се обележат околу 150 „црни“ точки на скопските улици, најави Ѓорѓиевски

Околу 150 „црни“ точки ќе бидат обезбедени за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање. Тој беше прашан во врска со

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 5 февруари 2026 година, индексот МБИ10 остана непроменет на 10.162,78 поени, додека ОМБ исто

Берзата денес во рамнотежа: Ограничени ценовни движења и стабилен пазарен тренд

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 5 февруари 2026 година, индексот МБИ10 остана непроменет на 10.162,78 поени, додека ОМБ исто

Проданоски оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен
Go toTop