Убивање цивили е американски стил на војување

November 13, 2023
1 min read

Во текот на целиот минат век, американската војска покажа константно непочитување на животите на цивилите. Редовно погрешно ги идентификуваше обичните луѓе како непријатели; не ги истражуваше доказите, за жртвите „жалеше“ ама тврдеше дека биле неизбежни, не успеа да спречи нивно повторување или пак да ги повика војниците на одговорност.

Овие долгогодишни практики се во комплетна спротивност со јавните настапи на американските влади кои своите војни ги продаваат како бенигни, нивните воздушни кампањи како прецизни, нивната грижа за цивилите како надмоќна а смртта на невините луѓе како „трагични“ аномалии.

„Ваквите кампањи главно служеа за да се прикријат вистинските жртви на американскиот начин на војување, од „банана војните“ од 1920-тите до „вечните војни“ еден век подоцна“, пишува Ник Турсе во Интерсепт.

Пред Втората светка војна, Американците, вклучително Френклин Рузвелт, се ужаснуваа од бомбардирањето цивили во Шпанија, Етиопија, Кина… За време на војната се смени приказната. По првиот британски бран бомбардировки на Дрезден, следуваа стотици американски бомбардери. Беа буквално спржени околу 30.000 луѓе.

Во воздушни напади за време на војната беа убиени околу 600.000 германски цивили.

Во Јапонија, САД нападнаа 67 градови, запалија 460 квадратни километри, убија над 600.000 цивили а 8,5 милиони оставија без покрив над главата.

Масовната смрт и уништувањето (малку) го поисплаши тогашниот воен секретар Хенри Стимсон кој се загрижи дека САД „ќе добијат репутација дека го надминуваат Хитлер во злосторствата“. Сепак, истиот тој Стимсон ќе потпише атомски напад врз Хирошима во кој загинаа 140.000, главно цивили и на Нагасаки, каде загинаа 70.000 души. САД никогаш не ги обештетија семејствата на тие жртви или преживеаните од нападите.

Не долго после тоа, во војната во Кореја, генералот на воздухопловните сили Кертис ЛеМеј се пофали дека САД „убиле над милион цивили Корејци и протерале уште неколку милиони од нивните домови“.

Една година пред крајот на војната во Виетнам, во Јужен Виетнам имало околу 21 милион кратери од бомби и ракети, некои широки и по 20 метри.

Во соседна Камбоџа, помеѓу 1969 и 1973 година, во американските напади загинаа 150.000 цивили.

Америка го нападна и малиот Лаос со над 2 милиона тона муниција, што, по глава на жител, е најжестокото бомбардирање во историјата.

Денес израелските власти ги оправдуваат нападите врз Газа наведувајќи ги методите што ги користеа САД и нивните сојузници против Германија и другите сили на Оската за време на Втората светска војна. Израел во Газа ја искористи и американската финта „зони за слободен оган“ – кои САД ги користеа за да отворат широки делови од Јужен Виетнам за речиси неограничени напади, убивајќи безброј цивили.

Во првите 20 години од „војната против тероризмот“, САД извршија повеќе од 91.000 воздушни напади во седум големи конфликтни зони – Авганистан, Ирак, Либија, Пакистан, Сомалија, Сирија и Јемен – и до пред две години убиле преку 48.000 цивили. Студија од 2020 година за цивилните жртви по 11 септември покажа дека повеќето од нив останале неистражени. Кога ќе се најдат под официјална лупа, американските воени сведоци се интервјуираат додека цивилите – жртвите, преживеаните, членовите на семејствата – се речиси целосно игнорирани, што комплетно ги девалвира резултатите од „истрагите“.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Нема потврда за учество на Лавров на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје“, вели Османи

Следно

Сензори за безболно мерење на шеќер во крвта, децата и родителите не мора да се будат ноќе за мерење

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop