Убиени сестрата и членови на семејството на шефот на Хамас во израелски напад врз Газа

June 25, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Членови на семејството на Исмаил Ханије, шеф на групата Хамас, вклучително и неговата сестра, се убиени денес во израелски воздушен напад врз нивниот дом во западниот град Газа, јавува Анадолу.

Според медицински извори, најмалку 10 лица од семејството Ханије биле убиени во израелскиот воздушен напад врз нивниот дом во бегалскиот камп на брегот, во западниот дел на градот Газа.

На 10 април Ханије изгуби тројца од своите синови во израелскиот воздушен напад врз нивниот автомобил.

Други израелски воздушни напади беа насочени кон две училишта што се користат како засолништа во населбата Ал-Дараџ, во источниот дел на градот Газа и во бегалскиот камп на брегот, и има голем број жртви.

Здравствените власти допрва ќе ги потврдуваат бројките на загинатите и повредените лица.

Во меѓувреме, тимовите за цивилна одбрана во бегалскиот камп Ал-Магази, во централниот дел на Појасот Газа, извадија пет тела, меѓу кои три деца, една жена и еден маж од под урнатините на домот уништен од израелски воздушен напад.

Прекршувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници, започната по нападот на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври минатата година.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во Појасот Газа се убиени повеќе од 37.600 Палестинци, повеќето жени и деца, а околу 86.100 се ранети.

Повеќе од осум месеци по почетокот на израелските напади големи делови од Појасот Газа се во урнатини.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна одлука им нареди на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска е Преподобен Онуфриј Велики

Следно

Макрон: Победата на крајната левица или десницата може да предизвика граѓанска војна

Latest from Blog

Политичар, левичар, наркоман… “ ДА, КОРИСТЕВ КОКАИН, НО НЕ ДОДЕКА СУМ НА РАБОТА…“. Гласајте за мене!

Лидерот на Данската либерална алијанса, Алекс Вансплаг, во објава на Фејсбук призна дека користел кокаин. Имено, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, данскиот политичар напиша: „Значи да, пробав кокаин на почетокот на

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

„Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и

Во кои угостителски објекти ќе може да се пуши?

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе се најде на седница на Владата, по што ќе биде доставен до Собранието на понатамошна процедура. Министерот за здравство Азир Алиу информира дека процесот
Go toTop