Убиени се 51 Палестинец во израелски воздушен напад на бегалскиот камп Ал Магази во Газа

November 5, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 51 Палестинец се убиени во израелскиот воздушен напад на бегалскиот камп Ал Магази синоќа на полноќ во централниот Појас Газа, извести палестинската официјална новинска агенција ВАФА, пренесува Анадолу.

Израелските воени авиони ја бомбардирале куќата на семејството Сам во кампот Ал Магази, убивајќи и ранувајќи на десетици луѓе.

ВАФА соопшти и дека загинатите воглавно се деца и жени.

Израелското бомбардирање ја уништи куќата и нанесе сериозни оштетувања на соседните станбени објекти и инфраструктура.

Оваа недела израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници во Појасот Газа, кој е под немилосрдни израелски напади по неочекуваната офанзива на Хамас на 7. октомври.

Во израелските напади на Појасот Газа од 7. октомври досега се убиени повеќе од 9.500 Палестинци, а во исто време се убиени најмалку 1.500 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски за криминалот во здравството: Ќе влеземе озбилно да истражуваме и озбилно ќе вадиме луѓе од таму со лисици

Следно

Николовски: Нема да има Влада со ДУИ

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop