Убиени 40.139 Палестинци во израелските напади врз Газа

August 19, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската Армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се искачи на 40.139, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството за здравство во Газа се објавени информации за израелските напади врз Газа во изминатите 318 дена.

Како што се наведува, израелската Армија извршила три масакри во различни делови на Газа во последните 24 часа, при што убила уште 40, а ранила 134 Палестинци.

Бројот на убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври достигна 40.139, а на повредени 92.743.

Во соопштението исто така се наведува дека сѐ уште има мртви под урнатините и на патот, но медицинските екипи и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до нивните тела поради пречките на израелските сили.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа од 7 октомври.

Повеќе од 10 месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, каде што постои блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мораториум за две општини или за Град Скопје?

Следно

Наредбата беше едноставна: денес ја напаѓаме Русија

Latest from Blog

Ново истражување: Еве како недостатокот на сон го старее мозокот

Само една ноќ без спиење може да направи мозокот да се чувствува постар со години, покажува заедничкото истражување на дански, швајцарски и германски истражувачи од центарот „Форшунгцентрум Јулих“. Значајни промени во структурата

Фото: Убавата Северина ужива на Сицилија

Популарната Севе вистински ужива во сончевите зраци и топлото време. Релаксираната пејачка вистински зрачи со својата убавина.  Северина уште еднаш докажа дека нејзината убавина е особено очигледна кога е на одмор. Хрватската

Врски и љубов: Како „се самосаботираме“ себеси?

Тука спаѓаат: страв, проблеми со довербата, високи очекувања, ниска самодоверба и несоодветни вештини за врската. За да избегне тој/таа да биде повредениот во врската, личноста користи различни потези, вклучувајќи повлекување, одбранбеност и
Go toTop