Убиени 103 Палестинци во израелските напади на окупираниот Западен Брег

October 25, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Убиени се 103 Палестинци во серијата одмазднички израелски напади врз окупираниот Западен Брег, од 7 октомври досега, објави палестинското Министерство за здравство, јавува Анадолу.

„Четворица Палестинци се убиени утринава од истрели и проектили на окупациските сили, од кои тројца се убиени во Џенин, а еден во Калкилија“, соопшти Министерството.

Израелските воени сили влегоа во Калкилија и извршија претреси од куќа до куќа, што резултираше со судири со десетици Палестинци. Војската користела боева муниција и гумени куршуми за време на конфликтот, изјавија очевидци за Анадолу.

Медицински извори, исто така, потврдија за палестинската новинска агенција ВАФА дека 19-годишниот Калед Салам Факха од градот Анабта во источниот дел на Тулкарм им подлегнал на повредите предизвикани од истрелите од израелската Армија седум дена претходно.

Управата за прашања на палестинските затвореници и Клубот на палестинските затвореници вчера објавија за смртта на палестински затвореник во израелски затвор, што е втор ваков случај за помалку од 24 часа.

Западниот Брег е сведок на бран судири меѓу Палестинците и израелската Армија додека израелската операција се интензивира и хуманитарната ситуација се влошува во Појасот Газа.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври, ставајќи ја целата енклава под блокада, поради што 2,3 милиони жители се со малку вода, гориво и медицински материјали.

Израелската војска продолжи со своите интензивни воздушни напади врз Газа, во кои уништи цели квартови.

Во израелските напади на Газа убиени се 5.791 Палестинец, од кои 2.360 се деца, 1.292 жени и 295 стари лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР не може да го пронајде напаѓачот, иако пукањето е во трговски центар каде има камери, Спасовски да си поднесе оставка

Следно

Успешната приказна на Палма Мол од Тетово продолжува, во петок отвoрање на нов ексклузивен дел

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop