Уапсени универзитетски професори на пропалестинските протести во САД

April 26, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Најмалку двајца професори на Универзитетот „Емори“ во американската сојузна држава Џорџија беа уапсени за време на пропалестинските протести што се проширија низ американските универзитетски кампуси со барање за прекин на огнот во Појасот Газа, известува Анадолу.

Неколку десетици демонстранти, меѓу кои и професорката по економија Керолин Фолин и раководителката на Катедрата за филозофија, Ноел Мекафи, беа уапсени откако беше поставен камп во кампусот во Атланта.

На видеото објавено на социјалната мрежа X, Мекафи, врзана со лисици зад грб, се гледа како му вели некому: „Можете ли да се јавите во канцеларијата на Катедрата за филозофија и да им кажете дека сум уапсена?… Јас сум Ноел Мекафи, јас сум раководителката на Катедрата за филозофија“.

Според снимките на социјалните мрежи, полицијата во Атланта употребила пиштол за шокирање на маж врзан со лисици на рацете за време на протестот. Полицијата, наводно, употребила гумени куршуми и солзавец за да го разбие протестот на универзитетот.

Присуствувајќи на протестот, Кејт Розенблат, професорка по религија и еврејски студии во Емори, рече дека е „несовесно“ што универзитетот повикал полиција на студентите.

Протестите против израелскиот напад врз Газа се проширија низ САД откако повеќе од 100 луѓе беа уапсени на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк минатата недела, кога полицијата се обиде да го „расчисти“ кампусот.

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, се соочи со свирежи и гласни скандирања од студентите во средата додека држеше говор при неговата посета на универзитетот, во кој ја повика претседателката на Универзитетот, Минуш Шафик, да поднесе оставка.

Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш израелските сили убија повеќе од 34.300 Палестинци, главно жени и деца, а речи 77.300 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По крвавиот пир: Таткото на монструмот Коста на суд, вели дека биле грижливо семејство

Следно

Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop