Уапсени осум лица, еден малолетник – реакции по синоќешните инциденти со палењето знамиња

November 29, 2024
2 mins read

Осум лица се уапсени по синоќешните инциденти за време на прославата на Денот на албанското знаме, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него уапсените се наоѓаат во полициска станица и сите тие се млади лица. Тошковски најави дека за сите тие ќе бидат поднесени кривични пријави, а рече дека се можни и дополнителни приведувања.

„Четири од тие лица се уапсени заради тоа што сториле прекршок учество во тепачка, а други четири лица се уапсени заради тоа што за нив имаме основано сомневање дека сториле кривично дело од 319 од Кривичниот законик, кое се однесува на, да сме прецизни, предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост каде што е предвидена минимална казна од една година затвор“, рече Панче Тошковски.

Најостро го осудувам настанот кој претставува чин на агресија и ова се случува поради тоа што правдата полека но сигурно се приближува кон криминалците, рече премиерот Христијан Мицкоски. Истакна, дека на секој ваков потег жестоко ќе биде одговорено, без оглед на нивната национална припадност.

„Ваков тип на обиди за ескалација на случувањата и креирање на етнички тензии дека ќе има и ќе има и во иднина ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде очекувајте дека ќе има и во иднина бидејќи како правдата како полека но сигурно се доближува до криминалците и како правдата ќе затропа на нивните врати така тие ќе стануваат понервозни. Македонската Влада ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата“, рече Мицкоски.

Од ДУИ ги осудија случувањата, велат дека се работи за изолирани инциденти и дека за тоа што се случи е одговорна Владата за која рече дека постојано и се случуваат вакви настани во последниот период.

„Во делот на индивидуалните акти секако дека се за осуда обемно за сите страни кои се вклучени. Политичките партии, политичарите треба да даваат позитивни пораки а не да даваат пораки на поделба на поларизација. Ние вакви настани во последните 7 – 10 години, речиси немавме во нашата држава а за жал во последните неколку месеци се почесто се случуваат вакви настани.“, рече Бектеши.

Од СДСМ оценуваат дека безбедносниот систем потфрлил за што побараа оставки од министерот за внатрешни Тошковски како и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и првиот човек на СВР Скопје Сашо Топаловски.

„Зошто МВР немаше навремени оперативни информации за да се делува превентивно и ова да не се дозволи? Што работат АНБ и БЈБ и како се дозволи да ескалира состојбата до ова ниво? Зошто дозволија вакво понижување на Македонците и македонската држава?Понатаму, зошто не се приведени оние кои пукаа и користеа огнено оружје во центарот на Скопје?“, прашува Костовски.

Со реакција се јавија и од коалицијата ВРЕДИ од каде најостро ги осудија случувањата со палењето на државните знамиња. Повикуваме на разумност и меѓусебно почитување, бидејќи палењето на знаме е подгревање на меѓуетничките односи во оваа земја. Чувствуваме одговорност и апелираме до сите граѓани да покажат разумност и решителност да не станат плен на злонамерни провокации, се вели во реакцијата на ВРЕДИ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МИ ПУКНА КОПЧЕТО ОД ЉУБОВ, РЕЧЕ СИМОН ТРПЧЕСКИ НА СЛАВЕНИЧКИОТ КОНЦЕРТ ЗА 80-ГОДИШНИНАТА НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

Следно

Зеколи Шаќири: Знамето е највисок симбол на националниот идентитет и достоинство и како такво заслужува целосна почит од сите

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се
Go toTop