Уапсен Раде Трајковски – Штекли

January 18, 2025
1 min read

Попладнево е уапсен Раде Трајковски – Штекли, потврдуваат од МВР за ТВ21.

„Во полициска акција лицето за кое прашувате по Наредба на ОЈО за ГОКК е лишено од слобода“, велат од МВР за ТВ21.

Тој се сомничи за трговија со дрога, односно предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.

Како што дознава ТВ21, одземен е и телефон од висок полициски службеник кој се сомничи за оддавање информации поврзани со клановите Барон, Беланоца, Грчец и Штекли.

Штекли стана познат во јавноста по неговото поврзување со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, но подоцна обвинение беше поднесено против Филип Секуловски – Кобра. Во 2011 година бил уапсен во Италија поради местење натпревари во калчо лигата, а во 2021 година бил уапсен во Белград.

Изминативе две години имаше три пати обид за негово убиство.

Трајковски (август и октомври 2023) беше мета на два напади во трговскиот центар „Ист Гејт“, каде што преживеа пукање со огнено оружје.

Видеото од едниот инцидент стана вирално и на социјалните мрежи каде масовно се споделуваше.

Потоа (ноември 2024 година) во неговиот двор во скопската населба Керамидница беше фрлена експлозивна направа, а за истата имаше најави на познатата апликација Тик Ток.

Во сите три напади Штекли беше повреден, а во еден од нападите и му беше отстранет дел од белите дробови.

„Направена е обемна интервенција на левиот граден кош. Отстранет е дел од белите дробови оштетен од куршуми. Беа третирани рани на десното рамо. Пациентот ја поминал ноќта на интензивна нега, утрото бил стабилизиран. Тој е во состојба на свест со спонтано дишење и е под опсервација и на интензивна нега во Карил“, нагласи тогаш д-р Неџат Јакупи во изјава за ТВ21.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопјанка наседнала на телефонска измама, платила 130 илјади денари на измамници

Следно

МВР се огласи за апсењето на Штекли

Latest from Blog

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека
Go toTop