Уапсен осомничениот напаѓач од Сисак – уби жена, тешко повреди четири лица и запали куќи и автомобили

July 2, 2023
1 min read

Соседите на осомничениот напаѓач, како што јавува Индекс.хр, за него велат дека бил маж на околу 60 години и дека имал психички проблеми. Наводно живеел сам во трошна куќа и немал жена и деца. Тој е фатен од хрватската полиција доцна синоќа откако уби едно и тешко рани четири лица, а опожари неколку куќи и автомобили

По повеќечасовна потрага, синоќа, нешто по 1 часот по полноќ, хрватската полиција го усапси осомничениот напаѓач кој вчера вечер уби едно, а рани повеќе лица во градот Сисак во центарла Хрватска.

Во потрагата биле вклучени сите полициски сили на градот, а по осомничениот се трагало и со дронови.

Во престрелката е убиена жена на 45-годишна возраст, а четири лица се тешко повредени. Тие се пренесени во Општата болница во Сисак, каде што им е укажана лекарска помош. Медицинска помош им била укажана и на две лица, од кои едно дете, кои биле полесно повредени.

Освен што пукал во група луѓе, осомничениот наводно запалил неколку куќи и автомобили. Во полициското соопштение се наведува дека целосно се опожарени две семејни куќи и еден автомобил, а делумно опожарени се една куќа и еден автомобил. При гаснење на пожарот, полесно е повреден и еден пожарникар.

Соседите на осомничениот напаѓач, како што јавува Индекс.хр, за него велат дека бил маж на околу 60 години и дека имал психички проблеми. Наводно живеел сам во трошна куќа, немал жена и деца.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден загинат и неколку повредени во пукање во Хрватска, напаѓачот е во бегство

Следно

Манчестер Јунајтед го продава Фред за 20 милиони евра на Фулам

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и
Go toTop