Тв К1 за трагедијата во Кочани: Македонските власти, брзо, навремено и ефикасно работат на расветлување на случајот

March 18, 2025
2 mins read

Трагедијата во Кочани беше тема на дискусија во емисијата „УранакК1“ на српската телевизија К1 на новинарката Јована Јоксимовиќ, каде што новинарката јасно посочи на брзата реакција на македонските власти и изведување пред лицето на правдата на сите инволвираните лица.

Во дебата учествуваше Државниот секретар за јавно информирање на Србија, Милош Гарич, при што водителката му посочи дека за разлика од Србија, во Македонија уште од неделата, на денот на трагичниот настан, имало итни апсења и оставки.

„Од првиот ден, односно од неделата се збореше за корупција, централната тема кога станува збор за оваа дискотека. Дискотека без дозвола, без документи, не е ни дискотека. На толкаво ниво е проблемот кога станува збор за оваа трагедија, но имавме брзи апсења, смени, апсења, поднесување на оставки, градоначалникот на општина Кочани поднесол оставка, министри, сопственик на дискотека, одговорни, оние кои требало да издадат дозвола. Јако брзо се добило оно што народ очекува, во смисла дајте да добиеме задоволна правда. Во неделата се почна со апсења, вчера продолжија апсењата“, вели новинарката Јоксимовиќ.

Таа направи споредба на реакцијата на македонските власти во однос на реакцијата на властите во Србија кога во Нови Сад се случи трагичниот настан со падот на настрешницата, при што додаде дека да имаше брза реакција како во Македонија немаше да има луѓе по улиците низ Србија.

„Не го поврзувам со Нови Сад, туку само ја споредувам реакцијата на нивната држава со реакцијата на нашата држава. Објаснување за што биле бесни луѓето овде и некаде разбирање, па сите да бидат уапсени истиот ден никогаш на улица луѓето не би биле бесни. Така почнало. Не сте реагирале на време, Весиќ поднесе оставка после неколку дена, па тогаш се зборуваше дека треба да поднесе оставка и претходниот министер, дека треба да поднесе оставка и Јелена Танасковиќ и се тоа траење едно седум осум дена што во моментот во кој се најдовме ние се чинеше како некој начин развлекување. Немаше апсења одма. Овде кажувам, овде имавме моментални апсења од највисоки државни органи, до службеници, до приватни како се потенцијално замешани во корупција“, рече водителката.

И Државниот секретар, Милош Гарич потврди дека во Македонија, во однос на трагедијата во Кочани, надлежните брзо реагираа и брзо следеше изведување на одговорните пред лицето на правдата за утврдување на нивото на одговорност на сите вклучени, затоа што, како што додаде одговорноста беше многу јасна и видлива.

„Ова што се случило во Кочани е очигледно било истата секунда, одговорноста е јасна и видлива на некој луѓе кои дозволиле да таа локација биде употребена за дискотека на потполно непримерен начин и да тука се одговорни луѓе кои тоа го овозможиле како сопственикот на таа дискотека но, луѓе кои на локално ниво одлучуваат да таков објект функционира кои не исполнува ниту еден услов за таква намена да остават на располагање и таква употреба. Така да тука потполно била јасна одговорноста“, вели Гарич.

Во емисијата гостуваше и претседателката на Асоцијацијата на новинари на Македонија, Ивона Талевска, каде во врска со трагедијата во Кочани истакна дека Владата започна со акција на терен со инспекција во секоја дискотека, ноќен клуб, кабаре и дека премиерот Мицкоски истакна дека сите ќе одговараат и ќе нема милост за административната мафија.

„Акција на терен почнува денес како што најави Владата во секоја дискотека, ноќен клуб, кабаре ќе влезе инспекција да провери документи дали има целосна документација и да видат фактична состојба во тој момент во тој објект. После трагедијата во Кочани во кои 59 млади луѓе го изгубија својот живот, премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека се работи за масовно убиство дозволено од мито и корупција и дека нема да има милост за административната мафија и за оние кои се обиделе да се бранат на етничката карта. Додека пак министерот за внатрешни работи истовремено напомена дека јавноста ќе биде згрозена кога ќе ги слушне сите детали од оваа истрага кога целиот случај ќе се расветли поради мито и корупција кои се давани за да се добие документи на незаконски начин што придонело на крајот до оваа сама трагедија“, вели Талевска.

Талевска во текот на емисијата образложи и дека на сите досега 14-те осомничени кои се изведени пред судот во Кочани, им од одредена и мерката притвор.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Се палат свеќи на скопскиот плоштад во оддавање почит на загинатите во Кочани

Следно

Горица отвори книга на жалост за починатиот Андреј Лазаров

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и

Ким Џонг-ун најави нова нуклеарна политика

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави
Go toTop