Тутунарите незадоволни од откупните цени, наместо 510 денари, понудена цена за првата класа најмногу до 420 денари

February 28, 2025
1 min read

Сојузот на тутунските здруженија изрази незадоволство од понудените цени од страна на 10-те откупувачи во земјата за новата реколта тутун. Наместо побараните 30% повисоки цени, тутунарите добија зголемување од само околу 5%, што, според нив, не ги покрива производствените трошоци.

„Преговорите со откупувачите под покровителство на Министерството за земјоделство не донесоа задоволителен резултат. Баравме фер откупни цени според реалните трошоци – 510 денари за прва класа, 450 за втора и 390 денари за трета класа. Сепак, најголемите откупувачи понудија најниски цени, при што првата класа се нуди меѓу 414 и 420 денари, втората од 312 до 360, а третата од 250 до 300 денари за килограм. Ова е неприфатливо“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија.

Од понеделник започнува официјалното склучување на договорите со откупувачите, а тутунарите ќе мора да прифатат една од понудените цени. Оваа ситуација, според Сојузот, негативно влијае врз интересот за тутунопроизводство, што веќе се одразува врз бројките.

„Во последните две години, обработливите површини со тутун се намалија за 800 хектари – од 13.321 хектар во 2023 на 12.509 во 2024 година. Исто така, бројот на тутунопроизводители опадна за 3.000 за четири години. Во 2020 година имавме 19.702 земјоделски стопанства, а сега се само 16.830. Но, ние нема да се откажеме од барањата за исплатливост на тутунопроизводството“, истакна Ристески.

Барања за законски измени

Сојузот најави иницијатива за промени во Законот за тутун, кои ќе бидат доставени до Министерството за земјоделство.

„Бараме враќање на ингеренциите на Сојузот да ги стопира договорите ако цените се неприфатливи, како што беше порано. Освен тоа, бараме измена на член 43, со што ќе се забрани увоз на суров тутун додека не заврши откупот на домашниот, како и измена на член 47 за издавање лиценци за поверениците. Овие барања ќе му ги доставиме на министерот на состанокот закажан за наредниот петок“, најави Ристески.

Тутунарите очекуваат институциите да ги земат предвид нивните барања и да преземат конкретни мерки за заштита на нивниот труд и одржливоста на тутунопроизводството во Македонија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трошел пари на шетањa и ќефови: Кривична за поранешниот директор на ЦК „Григор Прличев“ од Охрид

Следно

Приведени три лица во тетовско за организирање борба со кучиња

Latest from Blog

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop