Турските сили неутрализираа 15 терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија

February 9, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа 15 терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Анадолу.

Седум терористи на ПКК се неутрализирани во регионот Гара, а четворица во регионот Хакурк преку воздушни операции извршени во северен Ирак во периодот од 29 јануари до 7 февруари, соопшти Министерството на платформата Х.

„Турските вооружени сили продолжуваат да преземаат превентивни и деструктивни мерки против терористичките организации за нашата света татковина“, додава Министерството.

Вкупно 4 терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани во зоната на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија, се наведува во посебно соопштение на Министерството.

„Ќе продолжиме да одговараме на терористичкото вознемирување и обидите за напади со одмазда“, соопшти Министерството.

Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади против Туркије.

Во северна Сирија, Туркије од 2016 година спроведе серија успешни антитерористички операции – „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019), за да спречи формирање на терористички коридор и да обезбеди мирно враќање на локалните жители.

По падот на режимот на Асад, ПКК/ЈПГ се обиде да ја искористи регионалната нестабилност за да создаде „терористички коридор“ долж границата со Туркије.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Саудиска Арабија ги осуди изјавите на Нетанјаху за преселување на Палестинците во кралството

Следно

Санторини без поголем земјотрес во текот на ноќта

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на
Go toTop