Турските сили неутрализираа 12 терористи на ПКК/ЈПГ во Северна Сирија

July 30, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерството за одбрана на Туркије објави дека се неутрализирани 12 терористи на ПКК/ЈПГ што пукале во зоната на антитерористичката операција „Штитот на Еуфрат“ во Северна Сирија, известува Анадолу.

Во соопштението на Министерството за одбрана на Туркије се наведува дека турските сили ефикасно и одлучно продолжуваат со борбата против тероризмот во северните делови на Сирија.

Анкара од 2016 година досега изведе три успешни антитерористички операции преку границата, во Северна Сирија, со цел да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на раселеното население. „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка (2018) и „Извор на мирот“ (2019) се имињата на операциите во кои од терористичка окупација се ослободени широки подрачја по должината на пограничниот појас во Северна Сирија.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително жени, деца и стари лица. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЖОЛДАК ПРИВРШУВА СО ПРОБИТЕ ВО ВЕЛЕС ЗА ПРЕТСТАВАТА „ЕДВАРД ВТОРИ“ , ПРЕМИЕРАТА Е НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Следно

Хрватска ја погоди ново невреме: Поплавени улици и паднати гранки во Риека

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop