Турските безбедносни сили оваа година неутрализираа 1.976 терористи

November 30, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије од почетокот на оваа година досега има неутрализирано 1.976 терористи на ПКК/ЈПГ, меѓу кои и оние што се кријат преку границата во Ирак и во Северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

Вкупно 49 терористи беа цел минатата недела, изјави официјален претставник на Министерството за новинарите на брифингот во главниот град Анкара.

ПКК е сепаратистичка организација што е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД).

Во текот на повеќедецениската кампања против Туркије, терористите на ПКК се одговорни за смртта на најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК.

Терористите на ПКК/ЈПГ често се кријат преку границата на Туркије во Северен Ирак и во Сирија, каде што планираат напади врз турските сили или локалното население.

Од јануари терористичката организација е одговорна за 461 инцидент и напади во областите на антитерористичките операции кои ги спроведува Туркије, а 1.408 терористи се неутрализирани со итна реакција на турските војници, истакна официјалниот претставник.

Во врска со нелегалните премини во Туркије, тој рече дека благодарение на ефективните безбедносни мерки, 12.687 лица што се обиделе илегално да ги преминат границите на Туркије биле фатени од 1 јануари досега, меѓу кои 581 терорист.

Биле спречени 194.157 лица да ја преминат границата.

Туркије е клучна транзитна точка за нерегуларните мигранти што сакаат да преминат во Европа за да започнат нов живот, особено за оние што бегаат од војна и прогон.

Земјата, која веќе е домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било друга земја во светот, презема нови мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.

– Можно купување авиони „Еурофајтер“​​​​​​​ –

Во врска со можното купување на авионите „Еурофајтер“ од Велика Британија, извори од Министерството рекоа дека Туркије сака прво да купи 20, а подоцна уште 20 авиони.

Се преземаат активности со брзо темпо националниот борбен авион КААН наскоро да го реализира својот прв лет, со цел брзо да влезе во инвентарот на турските вооружени сили, додаваат изворите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Тетово тоне во отпад – улиците претворени во депонии!

Следно

УХМР: Утре и во сабота зголемување на дневната температура

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop