Турскиот министерот Фидан на американскиот колега Блинкен му рекол дека треба да се прогласи прекин на огнот во Газа

October 24, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, му порача на американскиот државен секретар Антони Блинкен дека во Газа треба да се прогласи прекин на огнот без губење време и Израел треба да ги прекине нападите врз Либан, известува Анадолу.

Според информациите добиени од турското Министерство за надворешни работи, министерот Фидан телефонски разговарал со неговиот американски колега Блинкен.

Министерот Фидан на средбата посочил дека хуманитарната ситуација, особено во северниот дел на појасот Газа, достигнала катастрофално ниво и се осврнал на важноста од непречена испорака на хуманитарна помош во Газа.

Во разговорот, во кој биле оценети и последните случувања во Либан, министерот Фидан истакнал дека сите страни треба да се однесуваат воздржано за да се спречи ширењето на војната низ регионот и навел дека во Газа треба да се прогласи прекин на огнот без губење време и Израел треба да ги прекине нападите врз Либан.

На средбата станало збор и за најновата ситуација во Украина. Во текот на разговорот Блинкен изразил сочувство за загинатите во терористичкиот напад што вчера беше извршен во Анкара.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски до Димитров, Заев и Шеќеринска: Зошто не направивте и со Бугарија договор како Преспанскиот?

Следно

Мурињо „поцрвене“ против Јунајтед

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop